Дата на објава:
17 Декември 2011Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска организираше „Отворен ден“ со земјоделците од Штип и Лозово.
Заинтересираните граѓани од 11 до 16 часот, во просториите на подрачната единица на МЗШВ во Штип разговараа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заменик-министерот Зоран Коњановски и со раководителите на секторите.
Министерот Димовски истакна дека „Отворените денови“, кои се организираат по четврти пат, се со цел изворно да ги слушнат проблемите на земјоделците и да им скратат од трошоците за доаѓање во Скопје.
- Земјоделците ќе ни укажат на потешкотиите и проблемите што ги имаат, а сега нашата задача е токму во истиот момент да се обидиме тој проблем да го разрешиме или да ги упатиме на решението, рече Димовски.
Тој забележа дека земјоделците реагираат во делот на субвенициите, распределбата на земјоделското земјиште, проблеми кои, како што рече, во голем дел се решаваат.