Дата на објава:
7 Ноември 2014Македонските винарии се промовираат во Хонг Конг.
Девет македонски винарии (Тиквеш, Сковин, Стоби, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула) организирани преку Здружението Вина од Македонија учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци во Хонг Конг каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Хонг Конг - увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.
Саемот се одржува од 6 до 8 Ноември 2014 и преставува најголемиот саем во овој дел на Кина, на кој своите вина ги презентираат повеќе од 1000 изложувачи од 38 земји од светот и истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.
Учеството на саемот и Националниот павилјон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и штанд од 100м2 за македонски компании производители на вино.