Новости

Демант
Дата на објава: 
5 Јануари 2012

Во насока на објективно информирање на јавноста, во контекст на информациите кои во текот на вчерашниот ден се појавија на одредени медиуми, а поврзани со концесиите за стопански и рекреативен риболов на Охридското Езеро, Преспанското Езеро, Дојранското Езеро и вештачкото езеро – акумулација Шпилје, како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство сакаме да информираме за следново:

МЗШВ во целост ги демантира тврдењата изнесени во медиумите  дека трите природни езера и Дебарското  Езеро на кое е дозволено вршење на стопански и рекреативен риболов, ќе бидат дадени на еден концесионер. Станува збор за погрешно пренесена изјава  која не ја отсликува вистината. 

Имено, концесиите за секое од споменатите езера, пооделно ќе бидат регулирани со распишување на јавни огласи за секое езеро.


МИА ИНТЕРВЈУ со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски
Дата на објава: 
31 Декември 2011
MIA 5.jpg

Министре, донесе ли битни промени изминатава, 2011 година во земјоделството?

 

Карактеристично за македонското земјоделство во 2011 година беа осцилациите, не само во производството, туку и во откупот и продажбата но, она што ги одбележа изминатите 12 месеци е секако исклучително високата оценка од Европската комисија за спроведените реформи.

 

Исклучително добра 2011 беше за производителите на житни култури. Покрај одличниот род, тие остварија и далеку повисоки откупни цени во споредба со 2010 година, за  некои култури дури и до 70 проценти повисоки од ланските. Годината беше добра и за производителите на грозје. Откупната сезона помина без проблеми. Дефинитивно, 2011, во наредните неколку години ќе биде репер за квалитетно вино.

 


Министреството за земјоделство додели под концесија 59 ловишта
Дата на објава: 
30 Декември 2011
Lovishta dogovori 011.jpg

 

Повеќето од ловиштата, околу 40,  се за ситен дивеч, а останатите за крупен. Времето на концесија за крупен дивеч е 20 години од денот на објавувањето на одлуката во Службен весник, 21 декември 2011, а конецсијата за ситен дивеч 10 години од денот на објаувањето на истата одлука.

- Ги испочитувавме барања, предлозите и сугестиите на ловџиите и им излеговме во пресрет со цел уште повеќе да го унапредиме секторот ловство и да го поттикнеме развојот на ловниот туризам, рече министерot Љупчо Димовски при доделувањето на договорите.


Ќе се интензивира исплатата на субвенциите за лозарите
Дата на објава: 
24 Декември 2011
Kavadraci 2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, со неговиот заменик Зоран Коњановски и повеќе  раководители на секторите, денеска во Кавадарци се сретнаа со тиквешките лозари во рамки на „Отворените денови низ Македонија“ кои ги организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Главна тема на разговорите на средбите беше исплатата на грозјето од минатогодишната реколта, прашање кое производителите на грозје како реален проблем го претставија до надлежните институции и побараа  винарските визби кои не го исплатиле грозјето, тоа да го сторат во најкраток временски рок.

Министерот Димовски на лозарите им вети дека во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство ќе интервенира винарските визби да ја завршат обврската за да може лозарите побргу да си ги добијат парите . Исто така, ќе се направат напори и за да се забрза исплатата на субвенциите за производителите на грозје.


Продолжува интензивната соработка на Швајцарската амбасада со Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Дата на објава: 
19 Декември 2011
Svajcarec 002.jpg

,,Република Македонија има голем потенцијал за развој на руралниот туризам бидејќи има  афтентична природа која, за жал, Швајцарија полека ја губи. Природниот потенцијал кој го имате треба да го насочите кон подобрување на економскиот развој на руралните средини, пред се на туризмот  и на голем број дејности кои се поврзани со него. Уверен сум дека денешниот состанок е основа за продолжување на постоечката соработка на швајцарската амбасада со Владата на Република Македонија, вклучително и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,,. Ова го заклучи  амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лазарото со кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски оствари работен соостанок.


Syndicate content