ОГЛАС
Дата на објава: 
2 Декември 2014

Огласи за ангажирање локални консултанти во рамки на „Проектот за консолидација на земјоделското земјиште во Република Македонија“, подржан од Органзиацијата за земјоделство и храна на ОН (ФАО). Огласите можат да се  најдат на следните линкови:

http://www.fao.org/europe/vacancies/en/

http://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=51922

http://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=51918

http://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=51914

http://jobs.undp.org/cj_view_job.cfm?cur_job_id=51908


Цветков: Модерното земјоделство приоритет
Дата на објава: 
29 Ноември 2014
PB290380.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска на земјоделската задруга „Вегефреш“ во струмичко Куклиш и ги предаде механизацијата и нарачаната опрема субвенционирана од Мистерството за земјоделство.

На својата прва средба со задругарите од Куклиш, министерот Цветков ја истакна подготвеноста да го помогне развојот на задругарството во сите сегменти.

- Министерството за земјоделство субвенционира 90 проценти во набавката на механизацијата во земјоделските задруги. За таа цел, годинава, преку Платежната агенција инвестиравме преку три милиони евра за набавка на потребната механизација и опрема. Сакаме да ги задржиме младите во оваа стопанска гранка преку директна помош и олеснувања со цел создавање на модерно земјоделство и оптимални услови за живот во руралните средини, посочи министерот.

Според него, земјоделската задруга „Вегевреш“ е убав пример за организирано здружување на земјоделците и нивен заеднички настап на пазаро.


Средба на министерот Цветков со босанскиот министер Тучиќ
Дата на објава: 
21 Ноември 2014
PB210360.JPG

Македонија и БиХ треба да ја продлабочат досегашна соработка во областа на земјоделството и трговијата со земјоделските производи, оценија денеска на билатерална средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи Борис Тучиќ.

Двајцата министри договорија да организираат бизнис средби за директно запознавање на компаниите и продолжување на традиционалната деловна соработка.

На средбата беше потпишан и Протокол за меѓусебно признавање документи издадени од акредитирани лаборатории за храна и храна за животни меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ.

Протоколот со кој се обезбедува основа за признавање на резултатите и други пропратни документи што ќе придонесе за олеснување на трговијата со храна меѓу двете земји, го потпишаа министерот Тучиќ и директорот на агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.


Успешно завршен проектот за јакнење на капацитетите во органското производство
Дата на објава: 
17 Ноември 2014
mihail-cvetkov-MZSV-640x320 - Copy.jpg

Македонскиот земјоделски и рурален сектор се соочува со значајни предизвици во однос на можностите за квалитетно производство, конкуренција на регионалните, европските и меѓународните пазари, начините на подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини како и отварање нови работни места. Во таа насока, важна е ефективната и добра координација на институциите партнери со цел креирање соодветна аграрна политика, прилагодување на законската регулатива и реформите.

Ова го истакна ресорниот министер Михаил Цветков на денешната конференција за резултатите од твининг проектот „Органско земјоделско производство и квалитет на земјоделските производи“ кој се спроведуваше изминатите 19 месеци со финансиска поддршка на Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија и во партнерство со Министерството за земјоделство, прехрана и шумарство на Република Италија.


Министерот Цветков во Тирана
Дата на објава: 
14 Ноември 2014
IMG-20141114-WA004.JPG

Министерoт за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска оствари работна средба со  Министерот за земјоделство, рурален развој и управување со водите, Едмонд Панарити, во Тирана,Албанија.
Двајцата министери средбата која ја оценија како успешна каде што беа договорени идните соработки во повеќе области.
Албанската страна изрази интерес кој беше прифатен,македонското министерство за земјоделство да го сподели досегашното искуство со нивното министерство во процесот на евро интеграциите како земја која е во понапредна фаза од тој процес.
Министрите се согласија дека трговската размена меѓу двете земји не е на посакуваното ниви и дека тоа треба да се интензивира преку поблиски средби и соработка на стопанствениците.
Албанскиот министер Едмонд Панарити предложил нивно вклучување во македонската акција „ Ден на дрвото“ со пошумување на меѓуграничен појас.


Syndicate content