Министерот Цветков во посета на штипските оранжерии „Еко Оаза Самандов“
Дата на објава: 
13 Декември 2014
2014-12-13_11 37 40.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев денеска ги посети оранжериите на штипската фирма „Еко Оаза Самандов“.

Цветков изрази задоволство од посетата на фирмата, која важи за најголем производител на оранжериско производство во земјава. Од вкупно 240 хектари под стакленици во Македонија, оваа компанија располага со 36 хектари.

- Она што најмногу ме израдува е дека над 80 % од нивното производство оди за извоз. Ова ме охрабрува и ние како Министерство за земјоделство ќе ги направиме сите напори со цел сите финансиски средства кои што ни стојат на располагање да ги искористиме,  како преку Платежната агенција, така и од ИПАРД програмата кои што се доста високи. Имено, во наредните пет години ќе имаме на располагање 106 милиони евра, така што оваа прилика ја користам сите заинтересирани да се јават во Платежната агенција и да конкурираат на огласите за да можеме да ги искористиме овие средства, вели Цветков.


Државна помош за анулирање на штетите од болеста„Син јазик“
Дата на објава: 
13 Декември 2014
images.jpg

Владата ќе им помогне на сточарите за анулирање на штетите од големата епидемија што ја предизвика болеста син јазик од која официјално во земјава се угинати околу 18.000 овци, но бројката не е конечна.
Ова денеска го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков при денешната работна посета во Штип заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

- Со одлука на Владата сточарите ќе бидат ослободени од пашарина за 2014 година, а субвенциите ќе им бидат исплатени за сите пријавени овци кои останале, но и за угинатите. Ќе дадеме и 4.000 денари по оставено женско јагне се со цел да го повратиме сточниот фонд кој што е угинат, изјави Цветков.
Повластиците, ќе важат и за говедата и козите. 
- Целта со сетот на мерки за анулирање на штетите од болеста син јазик е да се поврати сточниот фонд во земјава, а надлежните институции и понатаму ќе ја следат оваа болест, која во моментов поради ниските температури не се шири, нагласи Цветков.
Тој најави дека на пролет ќе се преземат нови мерки за сузбивање на синиот јазик.


Полско-македонски семинар за земјоделскиот пазарно-информативен систем
Дата на објава: 
4 Декември 2014
PC040399.JPG

Македонија ќе ги искористи полските искуства за што поефикасно воспоставување на земјоделскиот пазарно- информативен систем и на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства (ФАДН), што е една од обврските во прилагодувањето кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ.

 

- Искуствата од функционирањето на полскиот ФАДН за нас се од особено значење поради измените во европските регулативи кои во наредниот период треба да се имплементираат и кај нас, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешниот полско-македонски семинар за ФАДН.

 

Како што рече, во изминатиот период Министерството за земјоделство работеше на воспоставување системи и нивно ефикасно функционирање што е забележано и позитивно оценето во сите досегашни извештаи на Европската комисија.

 

Во овој процес значајна улога имаа експертите од Полска, кои беа ангажирани преку ИПА проектите.

 


Министерот Цветков засади дрвце на локалитет во Кратово
Дата на објава: 
3 Декември 2014
slika.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска, заедно со граѓаните, засади дрвце на локалитет во близина на Кратово.
- Во рамки на денешната акција ќе се засадат повеќе од 4,5 милиони садници на вкупна површина од 1.100 хектари. Пошумувањето ќе се спроведува на 97 локалитети во 30 општини, изјави Цветков.
Досега, според контролите на терен од страна на Инспекторатот за шумарство е констатиран висок процент на зафатеност на дрвцата од најмалку 50 отсто што според експертите е голем успех.
- Тоа покажува дека сме на вистинскиот пат во остварување на целта на акцијата,односно подигнувањето на свеста за зачувување на нашите шуми и природата, посочи министерот, подвлекувајќи дека МЗШВ ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои се во интерес на граѓаните.


Дипломатскиот кор во поддршка на акција „Денот на дрвото“
Дата на објава: 
2 Декември 2014
DSC_1084 (3).JPG

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков,Државниот секретар на министерството за надворешни работи Елена Кузмановска, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, придружени од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски, денеска, со симболично засадување дрвца во населбата Ново Лисиче покрај булеварот „Февруарски поход“, ја поддржаа 14. есенска акција „Денот на дрвото“.

Во текот на акцијата засадени се околу 150 садници од јасен, јавор, липа и други видови, подарок од Град Скопје. Градоначалникот Трајановски рече дека Денот на дрвото стана препознатлив бренд на Република Македонија, а оваа година акцијата акцент става на садење дрвја во урбаните средини.

Министерот Цветков истакна дека во рамките на акцијата за 2014 година ќе се засадат околу 4,5 милиони садници на вкупна површина од 1.100 хектари.Пошумувањето ќе се спроведува на 97 локалитети во 30 општини во Републиката.


Syndicate content