Новости

Николовски: Општинските комисии денеска ќе извршат првична проценка на штетите од невремето во струмичкиот регион
Дата на објава: 
8 Јули 2018
sr4.jpg

Општинските комисии денеска ќе извршат првична проценка на штетите од вчерашното невреме што го зафати струмичкиот регион, информираше на денешната прес конференција во струмичко Муртино, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Денеска министерот Николовски, заедно со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и со локалните власти, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви во струмичко
Според првичините проценки од поројниот дожд и град е предизвикана штета врз градинарските култури односно пиперката и посевите со пченица, но и материјална штета на објекти и приватен имот. Невремето предизвика штети во повеќе населени места во општина Струмица како и во општина Босилово.


Николовски на терен во струмичкиот регион што беше погоден од вчерашното невреме
Дата на објава: 
8 Јули 2018
sr2.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчo Николовски, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со локалните власти, денеска по вчерашното невреме во струмичкиот регион, излегоа на терен, во увид на штетите врз земјоделските посеви.

Според првичините проценки од поројниот дожд и град е предизвикана штета врз градинарските култури односно најмногу врз пиперката и посевите со пченица, но и материјална штета на објекти и приватен имот.

Невремето предизвика штети во повеќе населени места во општина Струмица како и во општина Босилово.

Со оглед на тоа дека освен врз земјоделските посеви, невремето предизвика и материјална штета на објекти и приватни имоти, постапката за проценка на штетите ќе се врши преку општините.

Комисиите за проценка на штети од општините Струмица и Босилово од утре ќе започнат со проценка на штетите на терен, по што ќе следува постапка за обештетување.


Одбележан Меѓународниот ден на задруги,во соработка со МАЗЗ и МЗШВ
Дата на објава: 
7 Јули 2018
logo_mzsv.png

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на задругите, денеска во просториите на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Македонија се одржа конференција на Асоцијацијата на земјоделските задруги под мотото „Одржливо Општество низ Соработка“ , со тема „Одржлива конзумација и производство на добра и услуги“
МАЗЗ со поддршка и соработка од МЗШВ по седми пат се приклучи кон повикот на Интернационалната Асоцијација на Кооперативи за одбележување на Меѓународниот ден на задругите, овој меѓународен ден е прогласен од страна на Организацијата на Обединети Нации да се одбележува секоја година во првата недела од месец јули.


МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, да не се манипулира со земјоделците
Дата на објава: 
6 Јули 2018
logo_mzsv_9_0_0.png

Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп и чекаа да откупуваат лубеници во Струмица.

Очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, откуп на бостан и денеска се врши во струмичко.

Во последните 7 дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денес е планира откуп од околу 130 тони лубеница.

Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони.

Откупната цена е задоволителна и се движи од 3 до 4 денари по килограм.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците да не потпаѓаат на политички монтирани информации и создавање на вештачка криза.

Точно е дека во одредени периоди варира откупот, но затоа МЗШВ и натаму ќе ја следи состојбата на терен и ќе интервенира доколку за тоа има потреба.

МЗШВ интензивно работи и на носење на мерки кои на долг рок на долг ги решат проблемите со откупот на земјоделските производи.


Јавниот оглас за набавка на 13.000 тони домашна печница за стокови резерви ќе трае до 15-ти август
logo_mzsv.png

До 15 ти август е отворен јавниот оглас на Агенцијата за стокови резерви за набавка на домашна меркантилна за потребите на стоковите резерви. Јавниот оглас се објави пред два дена. Со огласот е предвидено откуп на вкупно 13.000 тони домашна пченица. Конкретно распишани се 10 лота по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. По завршувањето јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стокови резерви.
Оваа мерка која што произлезе како предлог од досегашните одржани состоноци пред почетокот на жетвата со земјоделците и мелничарите, ќе придонесе за зголемување на откупот на домашна пченица, како и за постигнување повисока откупна цена.
Паралелно, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги разгледува опциите за можни интеврентни измени на Програмата за директни плаќања 2018, во скалестиот начин на субвенции за полјоделските култури, а пред се за пченицата.


Syndicate content