МЗШВ: Откупот на лубеници се одвива непречено, да не се манипулира со земјоделците
Дата на објава:
6 Јули 2018Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп и чекаа да откупуваат лубеници во Струмица.
Очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, откуп на бостан и денеска се врши во струмичко.
Во последните 7 дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денес е планира откуп од околу 130 тони лубеница.
Според Подрачната единица во Струмица, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони.
Откупната цена е задоволителна и се движи од 3 до 4 денари по килограм.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците да не потпаѓаат на политички монтирани информации и создавање на вештачка криза.
Точно е дека во одредени периоди варира откупот, но затоа МЗШВ и натаму ќе ја следи состојбата на терен и ќе интервенира доколку за тоа има потреба.
МЗШВ интензивно работи и на носење на мерки кои на долг рок на долг ги решат проблемите со откупот на земјоделските производи.