Соопштенија

Делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена до 15.08.2017 година
Дата на објава: 
4 Август 2017

Согласно член 57 став (4) од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр..64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16 И 39/16),  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

 

Поради високите температури во овој перид од годината, а со тоа и зголемена опасност од појава на шумски пожари,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Македонски шуми“,  а  врз основа на горенаведениот член од Законот за шумите, даде согласност за делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена во период од 15.07.2017 - 15.08.2017 година  која веќе беше објавена во јавноста.

Оваа согласност не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.


Јавен повик за пројавување на интерес бр. 01/2017
Дата на објава: 
25 Јули 2017

Во согласност со член 11 од Уредбата  за утврдување на меѓусебните односи на органите и структурите во рамките на системот за индиректно управување со Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) (Службен Весник на Рeпублика Македонија  бр. 54/16) и Внатрешни постапки за работа на Телото за управување со ИПАРД

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)

на ден 25.07.2017 година

објавува

Ј А В Е Н   П О В И К

за пројавување на интерес бр. 01/2017

Додаток за превземање: 

Македонија потпиша Меморандум за соработка во областа на земјоделството со Босна и Херцеговина
Дата на објава: 
23 Јули 2017
bosna_memorandum.jpg

Во рамки на дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска потпиша Меморандум за соработка во областа на земјоделството со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.

 

Потпишувањето на Меморандумот претставува чекор напред во реализација на утврдените активности од заеднички интерес, за чие што успешно остварување во наредниот период треба да работат тимови од двете земји. На билатералната средба, министерите Николовски и Шаровиќ,  се договорија тимовите од двете земји да се формираат што поскоро, за да почнат со конкретни чекори.

 


СООПШТЕНИЕ за поднесеното барање за регистрација на заштитен назив со географска ознака - Охридска цреша
Дата на објава: 
27 Јануари 2017

Врз основа на 148 став (6) од  Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ број 140/10, 53/11, 55/12, 106/13,116/15, 149/15 и 93/16), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство известува дека од страна на ЗЗ „Охридска черешна 2015’’ е поднесено барање со елаборат за регистрација на заштитен назив со географска ознака -  Охридска цреша.

На денот на објавата на ова соопштение во дневниот печат, елаборатот за Охридска цреша ќе биде објавен и достапен за преземање на официјалната веб страна на Министерството www.mzsv.gov.mk.

 

Секое домашно или странско правно или физичко лице, има право да поднесе приговор на предложениот назив до Министерството во рок од 30 дена од денот на објавувањето на елаборатот, доколку смета дека се исполнети условите за приговор утврдени во член 149 став (1) од Законот за квалитетот на земјоделските производи.

Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство

Додаток за превземање: 

Воведена привремена забрана за лов на диви птици
Дата на објава: 
31 Јануари 2017
diva guska.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч - диви птици.

 

Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца - птичји грип.

 

Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување.

 

Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.


Syndicate content