- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Со финансиска поддршка од ФАО ќе ја изработиме педолошката карта на МакедонијаDate of publication: 30 May 2012Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до крајот на јуни до Организацијата за храна и земјодеолство при Обединентите Нации – ФАО ќе го достави предлог проектот за изработка на педолошка карта на Република Македонија. Ова е заклучокот од денешниот состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Роналд Варгас од ФАО, одговорен за реализација на проектот со чија финансиска поддршка во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет ќе биде изработена педолошката карта на нашата држава.
- Овој проект е од исклучителна важност за нашата држава и затоа Владата на Република Македонија вложи сериозни напори идејата за изработка на педолошка карта да се раелизира. Горд сум што за тоа имаме целосна подршка и од науката – истакна министерот Димовски на состанокот.
Претставникот на ФАО посочи дека проектот кој го иницира Министреството за земјоделство за изработка на педолошка карта на Македонија е од ислучителна важност бидејќи се однесува на еден од ресурсите како основен извор за обезбедување на храна. ,,Барањето кое до ФАО го достави Министреството е потврда дека се грижите за структурата на почвата како основа за проиводство на храна, што е од клучно значење. Радува фактот дека во Македонија сега се реализираат неколку проекти кои се однесуваат на земјиштето. Располагате и со геолошки и топографски информации, информации за вегетацијата и климата и единствено што недостасува се информациите за структурата на почвата. Ова е особено битно за секоја земја заради постоење на претстава за тоа колкави се потенцијалите во земјоделскиот, шумарскиот, сточарскиот и другите сектори“ - додаде Варгас.
Тој истакна дека е од исклучително голема важност фактот дека ФАО соработува со Владата на Република Македонија и со ресорното министерство за земјоделство. Со проектот за изработка на педолошка карта на Република Македонија како што истакна тој, во соработка со професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Шумарскиот факултет ќе се изготват информации согласно стандардите на Европското биро за педолошка мрежа.
-Во Македонија земјоделството има се големо значење. Од 2006 година досега направивме крупни трансформации во овој сектор. Го подигнавме нивото на производство и ги зголемивме приносите, ги едуциравме фармерите, почнавме со примена на нови агротехнички мерки, извршивме реорганизација на водостопанскиот сектор во соработка со Светска Банка и се одлучивме за една агресивна политика во делот на земјоделството, изразена преку финансиска поддршка на примарното производство и на преработувачкиот сектор, нешто што до 2006 година скоро непостоеше. Од нешто повеќе од 6 милиони евра за субвенции во 2006 година, во 2012 година за поддршка на фармерите одвоивме 130 милиони евра што претставува 5,5% од буџетот на државата и е во рамки на просекот во Европската Унија – потенцира министерот Димовски. Со сите овие мерки, додаде тој, успеавме да го зголемиме не само производството на земјоделски производи, туку и извозот кој од 242 милиони евра во 2006 година, лани достигна скоро 500 милиони евра. Изработката на педолошката карта за нас ќе биде насока за планирање на субвенционирањето, пред се на високодоходовните култури.
И со актуелната програма за поддршка на земјоделството и руралниот развој предвидовме мерки за финансиска поддршка на земјоделсците кои ќе направат анализа на почвата врз основа на која се дава препорака која култура да се одгледува. ,,Сепак тоа се микроанализи кои не ја даваат глобалната слика. Потребна ни е комплетна слика, со педолошки податоци коија ќе биде основа за планирање и насочување на производството со цел да се добијат оптимални приноси од одделни земјоделски култури,“- заклучи министерот. |