- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Почнува реализацијата на израелските проекти за развој на руралниот туризам во струшко и за семепроизводствоDate of publication: 29 May 2012Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со експерти за рурален туризам и за производство на семе и саден материјал од Израел. На состанокот беше означен техничкиот почеток на реализацијата на проектите за развој на руралниот туризам во струшкиот регион и проектот за производство на сертифициран семенски и саден материјал во Свети Николе.
На состанокот со министерот Димовски присуствуваа и Нина Леман, координатор на израелските проекти во Република Македонија, Гиора Теслер израелски експерт кој раководи со проетот за семепроизводство во Свети Николе и Офер Саш – Директор на центарот за меѓународна развојна соработка во земјоделството.
-Република Македонија има одлични услови за развој на руралниот туризам. Климата и географската местоположба, богатството на растителен и животински свет, но и добрата инфраструктура за чие унапредување Владата на Република Македонија преку неколкуте програми за поддршка одвојува средства од буџетот, се одлична основа за развој на овој вид алтернативен туризам кој е релативно нов во нашата држава. Искуството кое Израел може да ни го пренесе во овој дел, за нашите граѓани кои почнале или планираат да почнат да се занимаваат со рурален туризам е драгоцено. Владата на Република Македонија го оцени овој вид на туризам како еден од приоритетните за развој и затоа преку програмите на неколку министерства вложуваме максимални напори за поддршка на овој сектор – истакна министерот Димовски.
Офер Саш – Директор на центарот за меѓународна развојна соработка во земјоделството потенцира дека реализацијата на двата проекта ќе се стават во функција на развој на земјоделството, односно на заокружување на системот на следливост на производството од нива до трпеза. Секако, додаде тој, ова ќе значи и нов инпулс во развојот на руралните средини.
- Двата проекта ќе се реализираат преку три компоненти, демонстрација на нови технологии во производството, воспоставување на современа советодавна служба и трансфер на знаење кое ќе се базира на постојана соработка со земјоделците. Од вака поставените односи бенефит ќе имаат сите вклучени во реализацијата на проектите – рече Саш.
Министерот Димовски ги информира израелските експерти дека Владата на Република Македонија ќе продолжи со силната поддршка на новиот концепт за поддршка на туризмот, вклучително и на руралниот кој го развивме пред неколку години. |