Почна 59. Меѓународен саем на храна, пијалоци и стоки за широка потрошувачка Агрофуд 2009

Date of publication: 
11 November 2009
otvorawe Agrofud.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски вечерва на „Скопскиот саем“ го отвори 59. Меѓународен саем на храна, пијалоци и стоки за широка потрошувачка Агрофуд 2009.

 

Тој рече дека и сега сме дел од Европа, бидејќи повеќе од 50 отсто од вкупниот годишен извоз на земјоделските производи од земјава се реализира на пазарите на Европската унија. Со стандардизирање на производството согласно европските регулативи, повеќе од сигурно е, рече тој, дека оваа бројка можеме и да ја зголемиме.

 

Со ИПАРД фондовите кои ќе почнеме да ги користиме наскоро, според министерот, ќе го подобриме квалитетот на производите, а со тоа ќе се зголеми нивната пазарна вредност и ќе се поттикне извозот на Македонскиот препознатлив производ. И годинава рече министерот Димовски, оваа саемска манифестација ќе ги обедини производителите и преработувачите на храна во Македонија, се со цел државата активно да се вклопи во светскиот тренд за прозиводство на повеќе храна за идните генерации.

 

На годинашниот Агрофуд изложени се повеќе од 100 домашни и странски производители од Унгарија, Словенија, Израел, Италија, Германија Хрватска, Србија, Бугарија, Франција, Грција, Турција и Франција. Тие ќе се претстават во областа на прехранбената, тутунската, конзервната индустрија, вино, пиво, алкохолни и безалкохолни пијалоци, вода, кондиторски производи, семенски производи, агроиндустрија и машини, амбалажа и техника за пакување.

 

Како дел од саемските денови се и бројни презентации на македонскиот вез, вино и храна, јавни дегустации на вино и млечни производи.