- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Електронски софтвер ќе ги открива двојните договори за откуп на тутунDate of publication: 30 March 2012,,Министреството за земјоделство,шумарство и водостиопанство, наскоро ќе инсталира специјален електронски софтвер кој ќе ги открива производителите на тутун кои за реколтата 2012 година склучиле двојни и тројни договори со откупните компании. Согласно законските одредби, за нив ќе следува соодветна казна. Владата на Република Македонија во изминативе години, преку субвенции, од буџетот извои значителна сума пари за поддршка на производството на тутун и затоа ќе вложиме максимални напори за годинашниот откуп да се почитува Законот за тутун и Правилникот за откуп и од страна на производителите и од страна на откупувачите.,, Ова го соопшти министресот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на денешниот работен состанок со откупувачите на тутун на кој се разговараше за неодамнешните предлози на тутунопроизводителите за зголемување на откупните цени и за подготовките за новата производствена сезона.
Oткупувачите го информираа министерот дека кај најголемиот дел од нив постои интерес за продолжување на ланскиот пилот проект на за ран откуп на тутун. Како што посочија тие, проектот имал добар одзив и кај производителите и дека и здруженијата на тутунари покажале интерес за негово продлжување и оваа година. Тие дадоа поддршка на иницијативата на Министерството за инсталирање на електронски софтвер за евидентирање на двојните договори кои што ќе ги склучат производителите на тутун, зошто како што истакнаа, тоа им создава големи проблеми, ги нарушува плановите за откуп и договорите кои тие ги имаат склучено со големите компании. Позитивно го оценија и воведувањето на евидентни листови, со кои како што потенцираа, ќе се зајакне контролата и надзорот во производството на оваа култура.
-За да ставиме поголем ред во произвоидството и откупот на тутун, направивме измена во Правилникот за откуп. Бидејќи е новина воведувањето на евидентини картони, годинава Владата одлучи да им излезе во пресрет на барањата на земјоделсците за поедноставување на процедурата за обезбедување на евидентни листови за пријавено производство на тутун. Со измените на Правилникот земјоделците сега ќе можат да обезбедат евидентен лист и со поседовен или имотен лист на име на производителот на тутун или на име на нивни родител или со договор за закуп ако тутунот не го произведува на сопствено земјиште или на земјиште на сопственост на родителот – објасни министерот.
Тој изрази задоволство од информацијата која што ја доби од откупните компании дека на барање на производителите за новата откупна сезона неколку од компаниите ги зголемиле откупните цени по класи.
|