- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Потпишан протокол за извоз на македонски тутун на кинескиот пазарDate of publication: 29 March 2012Со цел продлабочување на трговската соработка и унапредување на извозот на македонските земјоделско-прехранбени производи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Љупчо Димовски, со неговиот колега министерот за земјоделство на Народна Република Кина г. Хан Чангфу денес потпишаа Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството. Со потпишувањето на овој меморандум ќе се воспостават работни механизми за земјоделска соработка, ќе се зајакне соработката на полето на истражувањето во земјоделството како и размената на земјоделски технологии. Воедно со овој меморандум ќе се овозможат нови инвестиции како и економска и трговска размена помеѓу земјоделските претпријатија на двете земји. Во рамки на посетата на кинеската делегација се потпиша и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Република Македонија во НР Кина. Протоколот за фитосанитарна соработка го потпишаа министерот за земјоделство г. Љупчо Димовски и амбасадорот на НР Кина во Република Македонија Н.Е. Цуј Џивеи. Со потпишувањето на Протоколот за фитосанитарна соработка значајно ќе се олесни пристапот и пласирањето на македонскиот тутун на пазарите на Народна Република Кина и ќе се промовира извозот на македонскиот ориентален тутун кинескиот пазар.
|