- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заменик министерот Коњановски се сретна со земјоделците од ПреспаDate of publication: 22 March 2012Денес, 22.03.2012 година, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, оствари посета на општина Ресен. При посетата заменик министерот Коњановски се сретна со градоначалникот на општина Ресен, Михаил Волкановски и со претставници на задруженијата на земјоделците од овој регион, при што ги запозна присутните за тековните проекти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и за програмите и мерките што се предвидуваат за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2012 година. -При креирањето на програмите за 2012 година како Влада и министерство се водевме од потребата за исполнување на ветеното, поради што оваа година субвенциите се зголемени за 12 проценти, за разлика од лани, како и од потребата за дефинирање на стратешки правец за земјоделците за тоа кои култури треба да ги одгледуваат. Во овоштарството, оваа година за првпат се воведуваат субвенции, два денара за килограм за предадено овошје во индустриските капацитети, а се зголемува поддршката во делот производството и употребата на сертифицираното семе и саден материјал. Анализирајќи ги бројките за Ресен, од 2008 година кога имаше 500 апликанти и исплатени 12 милиони денари поддршка и во 2010 кога имаме 2.550 апликанти и исплатена поддршка од 105 милиони денари, несомнено доаѓаме до фактот дека ваквите политики даваат конкретен резултат што директно го чувствуваат земјоделците и кој јасно се гледа во податокот дека за последните три години возобновени или ново подигнати се околу 700 хектари насади под јаболка тука во ресенско, што е импозантна бројка – изјави заменик министерот Коњановски. Од страна на претставниците на земјоделските здруженија беше поздравена новата мерка за 2 денари за килограм предадено овошје во индустриски капацитети и истовремено беа поздравени заложбите на Владата за континуирана поддршка во областа на земјоделството. Тие го запознаа заменик министерот, дека просечната откупната цена за килограм јаболко оваа година изнесува 16 денари, додека за предадени јаболка во преработувачки капацитет е цената е 9 денари. На средбата се разговараше и за актуелните случувања во областа на земјоделството при што заеднички беше ставот дека само со дијалог може да се подобруваат состојбите во областа на земјоделството. При посетата заменик министерот Зоран Коњановски, информираше и за објавениот јавен конкурс за давање на концесија за вршење стопански риболов на рибите од риболовните подрачја на Преспанско Езеро кој е објавен на 14 март како и за јавниот конкурс за давање на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов за рекреативните зони на Преспанското Езеро кој е објавен денес, а кои се однесуваат за доделување на концесии за шест години. За ова заменик министерот Коњановски упати повик до сите заинтересирани да се пријават на конкурсот. -За Ресен во тек е и огласот за продажба на земјиште со површина од 61 илјади метри квадратни за изградба на откупно-дистрибутивен центар за овошје, со почетна цена од едно евро за метар квардаратен и истиот трае до 02.04 оваа година. Ги повикувам сите заинтересирани да инвестираат во овој регион- истакна заменик министерот Коњановски. За време на денешната посета во Ресен, тој оствари средба и со вработените во подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, а го посети и откупниот центар за јаболка на компанијата ,,Румко,,. |