Продолжува успешната соработка помеѓу Македонија и Турција во областа на земјоделството

Date of publication: 
16 March 2012
P3160165.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со  амбасадорот на Р.Турција НЕ Ѓурол Сокменсуер и министерот без ресор г.Хади Незир. На средбата стана збор за соработката во областа на земјоделството со посебен акцент на трговската размена на земјоделски производи помеѓу двете земји.

 

Министерот Димовски и министерот Незир го информираа амбасадорот дека во текот на минатата недела се сретнаа со претставници на повеќе турски компании меѓу кои и турската компанија Суташ. Претставниците на компаниите земаа примероци од земјоделски производи и изразија задоволство од квалитетот на истите. Турција и Македонија имаат блиска соработка која треба и понатаму да се продлабочува.

 

Амбасадорот Сокменсуер им се заблагодари на министрите за прекрасните зборови кои ги кажаа за билатералната соработка и побара од министерот Димовски информација за кои земјоделски производи сме подготвени да ги извезуваме и кои количини.

 

На крај соговорниците изразија увереност дека и натаму ќе продолжи плодната и успешна соработка помеѓу двете земји.