- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Со нови мерки во ИПАРД програмата ќе се модернизира земјоделската механизацијаDate of publication: 15 March 2012Модернизација на земјоделската механизација преку набавка на трактори и други видови на машини преку јапонската помош, Програмата за рурален развој, но и преку ИПАРД програмата за што во скоро време треба да се добие согласност од Европската Комисија. Ова го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, на работниот состанок со претставниците на здружението на земјоделци „Овчеполски фармер“ од Свети Николе, членка на Асоцијацијата на земјоделци, истакнувајќи дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство на ваков начин ќе им излезе во пресрет на барањата на производителите за модернизација на земјоделските машини и тоа под поволни услови, со подолг временски рок на отплата и ниски камати.
-Во тек е постапка за упростување на процедурите за аплицирање за ИПАРД Програмата. Очекуваме дека по добивањето на одобрение од Европската Унија за имплементирање на новата мерка за набавка на земјоделска механизација, како држава, ќе се зголеми можноста, поголем број земјоделци да го осовременат машинскиот парк преку ИПАРД Програмата. Механизацијата е еден од условите за зголемување на продуктивноста и рентабилноста во земјоделското производсатво и затоа, инсистиравме нејзината набавка под поволни услови да биде една од новите мерки во ИПАРД Програмата - рече министерот Димовски.
Во најкус рок, според него треба да се заокружи исплатата на субвенциите за производителите од Светиниколско која според информациите од Платежната агенција почна деновиве, иако законскиот рок за тоа е до 30 јуни. Во поглед на поедноставување на процедурите за наплата на закупнината за користење на државно земјоделско земјиште, тој ги информира зёемјоделците дека во постапка е измена на неколку законски и подзаконски акти со кои износот кој закупнината ќе може да се компензира со субвенциите, за да се зголеми процентот на контрола на апликациите за субвенции, со цел тие да дојдат во рацете на вистинските земјоделци. Од почетокот на оваа година контролите место Државниот инспекторат за земјоделство ги врши посебен сектор во рамки на Платежната агенција.
Членовите на „Овчеполски фармер“ на состанокот побараа Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство да ја разгледа можноста за одредување на временска рамка за исплата на субвенциите и за комепзирање на дел од трошоците за набавка на енергенси за производство.
Производителите побараа регистрираните земјоделци и локалните фармери да имаат приоритет при аплицирање на огласите за добивање на државно земјоделско земјиште под закуп.„Голем дел од барањата на земјоделците ги вградивме во Законот за земјоделско земјиште, а со измените кои се во финална фаза на подготовка ќе обезбедиме дополнителни поволности за земјоделците, во прв ред на оние кои ќе им се понудат на регистрираните и на здружените земјоделци, односно на земјоделските задруги“- заклучи министерот Димовски. |