- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Регионален форум за зголемување на конкурентноста на земјоделството за полесен настап на пазарот на ЕУDate of publication: 1 November 2009Почитувањето на стандадрите за безбедност на храната е основен предуслов за подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор, но и можност за полесен пласман на нашите производи на европскиот пазар. Ова е еден од заклучоците на учесниците на Регионалниот министерски форум на тема „Зголемување на конкурентноста на земјоделството за полесен настап на пазарот на ЕУ“, што се одржа во Скопје во рамки на годинашната саемска манифестација Агрофуд.
На форумот, македонските искуства на ова поле ги претстави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски,a искуствата од претпристапните преговори на своите земји ги пренесоа хрватскиот министер за земјоделство Петар Чобанковиќ и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Словенија Соња Буковец.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство прави напори за постигнување на стратешката определба - рамноправно членство во Европската унија, а Владата на Република Македонија е целосно посветена и опсежно работи на зајакнувањето на институциите и административните капацитети за усогласување со Европските директиви. Како што рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, потврда за напорите на Министерството е скорешното добивање право на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за управување со средствата од ИПАРД фондовите. Со ова Македонија доби право да користи 60,7 милиони евра за земјоделскиот сектор. Во декември годинава ќе се објави првиот оглас за користење на европските пари . а по него и во мај и во октомври 2010 година.
ИПАРД фондовите, посочи министерот Димовски, целосно можеме да ја реализираме само со користење на искуствата од Словенија и Хрватска. Министерството, истакна тој, повеќе од еден месец е присутно на терен и се обидува да им ги објасни на земјоделците погодностите што ги нудат ИПАРД фондовите.
Хрватскиот министер Чобанковиќ нагласи дека Хрватска исто како и Македонија со своите земјоделски производи сака да биде активен учесник на пазарот на Европската унија. Според него, без зголемување на конкурентноста и квалитетот на производите нема да има потреба да произведуваме, бидејќи производите според министерот Чобанковиќ нема да може да ги продадеме ниту на домашниот ниту, пак, на европскиот пазар.
Почитувањето на стандардите за безбедност на храната е предуслов за конкуренстноста на земјоделските производи, а млекото, како што посочи тој е најкарактеристичниот пример како треба да се исполнат стандардите за безбедност на храната.
Државниот секретар во словенечкото Министерство за земјоделство Соња Буковец истакна дека словенечките земјоделци се задоволни од влегувањето во Европската унија. Пред влегувањето во Унијата Словенија, како што објасни таа морала да ја прилагоди правната регулатива во земјоделството и да усвои и донесе многу нови стандарди. Со влегувањето во ЕУ Словенија само за рурален развој добила повеќе од 900 милиони евра, како и 140 милиони евра од директните плаќања. Агенција за рурален развој, како што информира таа исплатила 400 милиони евра.
Таа нагласи дека целта на финансиските средства што се издвојуваат за земјоделството е да помогнат во развојот на институциите кои ќе го следат производството на земјоделските производи од суровнина до конечен производ.
Безбедноста на храната и заштитата на потрошувачите е еден од приоритетите на секоја земја, додека според Буковец, заштитата на потрошувачите и здравјето на луѓето е врвниот приоритет на Европската унија. |