Средба на министерот Димовски со амбасадорот на Украина Yurii Honcharuk

Date of publication: 
6 March 2012
Dimovski ukrainski ambasador.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со  амбасадорот на Украина Yurii Honcharuk. На средбата стана збор за соработката во областа на земјоделството со посебен акцент на трговската размена на земјоделски производи помеѓу двете земји. Амбасадорот Honcharuk го информира министерот Димовски за можностите за извоз на земјоделки производи во Украина посебно градинарските кои се многу барани на нивниот пазар. Исто така постои тенденција на зголемување на извозот на вино, меѓутоа поради визниот режим постојат потешкотии во трговската размена поради што и квотите за извоз остануваат неискористени. Министерот Димовски го информира амбасадорот дека заинтересираните фирми за вложување во откупно дистрибутивни центри имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување поволни услови за стопансисување подготвени се и голем број даночни олеснувања, како и можност за брзо регистрирање компанија.

 

На средбата стана збор и за билатералната соработка на двете земји во областа на карантинот и заштитата на растенијата согласно Меѓународната Конвенција за Заштита на Растенијата. Со цел да се подобри заштитата на териториите на двете земји од навлегување и ширење на карантински и други опасни штетни организми, да се намалат загубите кои тие можат да ги предизвикаат, како и да се развијат трговските односи помеѓу двете земји и да дојде до размена на растенија и растителни производи се подготвен е Договор за фитосанитарна соработка кој по усогласување од надлежните институции ќе биде потпишан од двете страни.