Министерот Димовски на вториот состанок на Раководителите на Телата за управување со ИПАРД од земјите на ЈЕ

Date of publication: 
29 February 2012
SWG minister.JPG

На денешниот состанок во Скопје, Македонија, како годинашен претседавач со Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG), ги сумира предлозите од државите во ЈИЕ за што поефикасно и поголемо искористување на претпристапните ЕУ фондови. Во форма на заклучоци тие потоа ќе бидат доставени на разгледување во Брисел.

Една од сугестиите ќе биде да се прошири листата мерки во ИПАРД Програмата кои засега се вкупно девет и уште на почеток, мерката техничка помош да се акредитира меѓу првите за да се избегнат проблемите во спроведувањето на ИПАРД кои секако постојат.

- Искуството покажа дека Европската комисија сака да го слушне регионот, да ги слушне проблемите, успесите и сугестиите за подобрување на регулативите за подобро искористување на средствата од земјите аспиранти за влез во Унијата, посочи министерот Димовски.

Македонија од септември најверојатно ќе може да користи средства од ИПАРД фондовите и за набавка на земјоделска механизација. Сигналите од Брисел на ова наше барање се позитивни.

- Како аргумент на нашето барање до Европската комисија ќе ја доставиме Студијата за состојбата на земјоделската механизација во Македонија што ја изработи Техничкиот факултет во Битола. Студијата претходно ќе оди и на дополнителна авторизација на Биотехничкиот факултет во Љубљана, рече министерот.

Според Бобан Илиќ од SWG, многу е важно што и земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ во наредниот период ќе можат да користат средства од ИПАРД. Постигнато е разбирање со ЕУ дека реформите во земјоделството не се зависни од статусот на државата во односот на евроинтеграциите и дека целиот регион треба да се придвижи напред.

Освен Македонија, ИПАРД средствата недоволно ги користат и други земји меѓу кои Хрватска и Турција. Проблемот, рече Илиќ, не е домашен, туку треба да се подигне на повисоко ниво.

Во ЕК веќе се подготвува регулативата за имплементација на ИПАРД 2014 - 2020. Затоа, беше речено на состанокот, сега е моментот земјите од ЈИЕ да ги договорат своите позиции и забелешки во однос на спроведувањето на ИПАРД Програмата