- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Од годинава се зголемуваат субвенциите за сточаритеDate of publication: 23 February 2012![]() Од годинава се зголемуваат субвенциите за сточарите со цел да се намали увозот, посебно на јунешкото месо, за кое досега Македонија беше увозно зависна, истакна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на фабриката за преработка на месо и месни производи „МИК“ од Свети Николе.
- За секое заклано теле во кланичен капацитет, сопствениците ќе добијат по 2.000 денари, доколку е старо меѓу осум и 18 месеци и дополнителни 1.500 денари за сочувано женско грло и придадено на основното стадо. По 1.500 денари субвенции ќе има и за секое сочувано женско јагне или јаре, а производителите на сточна храна ќе добијат по 1.000 денари од хектар, рече Коњановски.
Тој истакна дека идејата за средби со менаџерски тимови од месните индустрии дошло по претходните со сточарите.
- При неодамнешната средба со сточарите од Мариово, бев запознаен дека таму има огромни капацитети и можности, а Македонија има големи компаративни предности во однос на другите земји за номадско производство на говеда и останат добиток и затоа сакав да направиме еден спој меѓу тие производители и месната индустрија, да можеме да ги прифатиме тие производи и да ги пласираме на домашниот пазар, вели Коњановски. Сопственикот на „МИК“, Владимир Георгиев информираше дека во производството на месни производи и досега се потпирале врз домашниот сточен фонд и оти со истата пракса ќе продолжат и во иднина. |