- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Демант на прес-конференцијата на Федерација на фармериDate of publication: 16 February 2012Во насока на објективно информирање на јавноста и на корисниците на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство сметаме дека на денешната конференција за печат на Федерацијата на фармери на Република Македонија беа презентирани повеќе неточни информации, поради што информираме за следново: Прво, во целост ги сметаме како неточни изнесените информации дека реалната висина на програмата не е 113 милиони евра туку дека е 98,4 милиони. Незнаеме од кои причини и со која цел ФФРМ се обидува да ја искриви вистината и лажно да ги информира замјоделците и фармерите. Уште еднаш сакаме да повториме дека Програмата за финансиска поддршка на земјоделството изнесува 113 милиони евра, и тоа е зголемување на континуираната поддршка која Владата на Република Македонија ја дава на земјоделците изминативе години. Финансиска поддршка која е неспоредливо повисока со поддршката за земјоделците која пред 6 години се доделуваше во државата, финансиска поддршка која секој земјоделец директно ја користи и која и со повеќе пресови неможе да се негира. Второ, целосно се неточни тврдењата дека во оваа програма нема поодршка за задржување на женски грла во овчарството и козарството. Имено, оваа година, овој вид на поддршка е дефиниран како нови мерки согласно кои, за оставено женско грло во матичното стадо за говедарство се обезбедуваат 1500 денари по глава, во овчарството 700 денари по грло и во козарството по 300 денари по грло. Незнаеме од кои причини ФФРМ се обидува да ги доведе во заблуда сточарите во државата. Истовремено во овој контекст информираме и дека во 2012 година е воведена и нова мерка за поддршка за производство на сточна храна како и поддршка за заклано грло во кланичен капацитет. И трето, исплатата на субвенциите е процес кој секоја година завршува заклучно со јуни месец наредната година. Не сакаме да веруваме дека ФФРМ се обидува тенденциозно да ја искривува вистината, поради тоа што тоа не е во интерес на земјоделците за кои и треба да постои ФФРМ. За каков интерес ФФРМ постои? Искрено жалиме што наместо поздравување на новата програма ФФРМ се обидува со искривување на вистината и со лажни конструкции да создаде заблуда кај земјоделците. Но земјоделците а и целокупната јавност се свесни дека поддршката за земјоделството продолжува и се зголемува секоја година и со истата согласно ветеното ќе продолжиме и во наредниот период.
|