- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Откупот на тутунот во Македонија годинава далеку подобар од останатите земјиDate of publication: 4 February 2012Откупот на тутунот годинава кај нас е далеку подобар во однос на останатите земји од соседството и еден месец пред крајниот законски рок веќе се откупени 80 проценти од годинашнава реколта. Министерството за земјоделство и годинава ќе го субвенционира секој откупен килограм тутун со 60 денари, а согласно Законот исплатата на субвенциите ќе заврши заклучно со јуни.
Ова го изјави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски при посетата на општините Василево и Босилово.
Според Коњановски, откупот на тутунот се одвива во најдобар ред и за разлика од минатата година, како што рече, тутунопроизводителите се задоволни од постигната просечна откупна цена на ниво на држава од 162 денари за килограм. Ова значи повисоки цени од 25 до 30 отсто во однос на ланските, укажа Коњановски.
Во општина Василево заменик министерот одржа работна средба со тутунопроизводителите и раноградинарите на која беа анализирани асктуелните состојби во земјоделството. Заедно со градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, ја посетија и новата индустриска зона во која ќе се гради откупо-дистрибутивен центар за земјоделски производи од оваа општина.
Го посетија и откупниот пункт на Струмица Табак во селото Добрашинци, каде се запознаа со процесот на проценка и откуп на тутун од ова село кое е познато по квалитетен ситнолистен тутун.
Коњановски најави дека Владата во најскоро време ќе ја разгледа програмата за плодоуживање заедно со уште уште неколку програми.
- Оваа Програма ќе ја реализираме во соработка на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување и со неа на социјално загрозените семејства ќе им понудиме 800 хетари. Преку Програмата за рурален развој ќе го стимулираме почетокот на идните земјоделци и тоа по 20 илјади денари за хектар посеан со жито и 55 илјади денари за хектар под раноградинарски култури, најави рече Коњановски.
Тој најави дека за 90 дена ќе се отвори тендер за странски инвеститетори, кои ќе можат да да произведуваат и инвестираат во македонското земјо-делство.
- Нашето Министерство врши анализа на склучените дооговори за издавање земјоделско земјиште, чиј што број во 2005-2006 година изнесуваше 411, а во 2011 достигна до 5.200 договори. Со цел максимално искористување на земјоделското земјиште, од раскинатите договори се нудат околу 3,5 илјади хектари земја на странски инвеститори. За таа цел Министерството изготви брошура во која ќе бидат истакнати поединостите и условите за инвестирање, рече Коњановски.
Во рамките на денешна посета на Струмичкиот регион, заменик министерот Зоран Коњановски го посети и откупниот пункт во Иловица, а имаше средба и со земјоделците од општина Босилово. |