- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Потпишани спогодби за соработка помеѓу Р.Македонија и Р.СрбијаDate of publication: 3 February 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, и неговиот српски колега Министерот за земјоделство, трговија шумарство и водостопанство, Душан Петровиќ заедно со Директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски денес во Земјоделската комора на Србија потпишаа договор за фитосанитарна соработка и договор за соработка во областа на безбедноста на храна и ветерината.
Договорите се потпишуваат со цел да се обезбеди непречен промет на растенија, растителни производи и производи од животинско потекло. Фитосанитарната соработка ја потпишаа министерот Љупчо Димовски и неговиот српски колега министерот за земјоделство на Р. Србија Душан Петровиќ, а соработката во областа на ветерината и безбедноста на храната ја потпишаа министерот Петровиќ и директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски.
Договорот за фитосанитарна соработка е склучен за период од пет години и ќе ги штити териториите на двете држави од внесување штетни организми преку растенијата и растителните производи и ќе ги ограничува загубите кои настануваат како последица на нивното дејство. Министрите Димовски и Петровиќ истакнаа дека договорот за фиросанитарна соработка е во склад со меѓународната конвенција за заштита на растенијата и дека истиот ќе ги подобри билатералните односи помеѓу Македонија и Србија. Договорот за соработка во областа на ветерината и безбедноста на храната е исто така склучен за период од пет години, со цел унапредување на соработката и полесен промет со животни и производи од животинско потекло, храна и храна за животни, без ограничување на меѓусебната трговија, со што ќе се зачува здравјето на луѓето и животните. Со оваа соработка ќе се развиваат и научните, технолошките и деловните односи со кои ќе се створат услови за зголемување на извозот на Македонија во Србија. |