Доделени договорите за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов

Date of publication: 
13 January 2012
image1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денеска ги додели договорите за доделување на концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов за 20 риболовни ревири, врз основа на спроведена  постапка на јавен конкурс.

Согласно Законот за рибарство и аквакултура рибите од риболовните ревири и рекреативните зони се даваат на концесија за период од 6 години. Висината на надоместот за нивното користење изнесува 10% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов на годишно ниво. Начинот и динамиката на плаќање на надоместот за концесијaта се утврдени во законот.

Со денешното потпишување на договорите се уредува организирањето на рекреативниот риболов на дел од риболовните ревири во Р.Македонија:

Како што кажа министерот во тек е постапка за распишување на нов јавен конкурс за оние риболовни ревири кои не беа опфатени со претходниот јавен конкурс. Исто така Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавни конкурси за давање на концесија на рибите за вршење на стопански и рекреативен риболов на Охридското Езеро, Преспанското Езеро, Дојранското Езеро и вештачкото езеро – акумулација Шпилје.

Комисијата за доделување на концесии, ќе ги разгледа сите доставени понуди поодделно, при што за најповолните ќе даде предлог на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, односно на Владата на Република Македонија да донесе одлука за давање под концесија за секое од езерата поодделно. Оваа постапка се реализира согласно законските прописи, односно на распишаните јавни огласи може да се пријават сите оние кои  ги исполнуваат пропишаните  услови.

 

Последен пат договори за концесија на рибите за организирање на рекреативен риболов беа потпишани во 2005 година кога важеше Законот за рибарство од 1993 година. Со донесување на новиот закон за рибарство и аквакултура во 2008 година и подзаконските се допрецизираше начинот на стопанисување со рибите.