- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Ќе се интензивира исплатата на субвенциите за лозаритеDate of publication: 24 December 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, со неговиот заменик Зоран Коњановски и повеќе раководители на секторите, денеска во Кавадарци се сретнаа со тиквешките лозари во рамки на „Отворените денови низ Македонија“ кои ги организира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Главна тема на разговорите на средбите беше исплатата на грозјето од минатогодишната реколта, прашање кое производителите на грозје како реален проблем го претставија до надлежните институции и побараа винарските визби кои не го исплатиле грозјето, тоа да го сторат во најкраток временски рок. Министерот Димовски на лозарите им вети дека во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство ќе интервенира винарските визби да ја завршат обврската за да може лозарите побргу да си ги добијат парите . Исто така, ќе се направат напори и за да се забрза исплатата на субвенциите за производителите на грозје. - Се прават напори во текот на целата година генерално да се излезе во пресрет и на лозарите и на винарите бидејќи тие се зависни едни од други. Покрај субвенциите имаме и дополнителна поддршка за винарите се со цел да им се откупи грозјето на производителите, да не им остане на нивите и да се надмине кризата во винскиот сектор, рече Димовски. Оваа година, потенцира тој, по барање на производителите се донесоа измени на Законот за вино со цел да се заштитат лозарите, така што, посочи, со овие измени винарските визби се обврзаа од страна на државата откупеното грозје да се исплати во рок од 60 дена од донесувањето на законот, да се изврши дополнителен притисок врз винарските визби да им го исплатат долгот на лозарите. Заменик министерот Коњановски истакна дека Владата будно ја следи состојбата во лозаро-винарскиот сектор се со цел да се најде решение и за лозарите и за винарите. Според него во фаза на изработка се новите програми за поддршка на земјоделството и за рурален развој со кои и оваа година ресорното Министерството ќе обезбеди поддршка на лозаро винарскиот сектор. Димовски и денеска упати апел до сите домашни физички и правни лица и странски правни лица, кои имаат подигнато долгогодишни насади на земјоделско земјиште во државна сопственост, а со кое стопанисуваат без склучен договор, да се пријават во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заради евидентирање на насадите. Овие податоци, рече, ќе бидат основ за објавување јавни повици за давање на државно земјоделско земјиште под закуп, а со кои ќе се даде можност за склучување договори и за регулирање на правото на користење на земјиштето. Лицата кои имаа подигнато долгогодишни насади на државно земјоделско земјиште, треба самостојно со геодетски елаборат да ги определат катастарските податоци за земјиштето и да достават понуда до Министерството за земјоделство по објавувањето на јавениот повик. Со оваа постапка, како што рече Димовски, ќе се реши и долгогодишниот проблем на земјоделците кои поради нерегулираното право на користење на државното земјоделско земјиште неможеа да користат субвенции. Тој информираше дека сите правни и физички лица кои имат подигнато лозови насади и се заинтересирани за изградба на винарска визба во непосредна близина на насадите, сите потребните информации за правната процедура за изградба на винарски визби можат да ги добијат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На средбата, земјоделците изразија интерес за проширување на системите за наводнување на овој регион, за регулирање на стажот на повозрасните земјоделци, како и за политиките на Владата на Република Македонија за поддршка на лозаро-винарскиот сектор кој е одлика на овој регион. Производителите на грозје го потенцира и проблемот кој го имаат со кражба на бетонските и металните столбови во лозјата, со што имаат проблеми и во производството и побараа Министерството за земјоделство во соработка со Министерството за внатрешни работи и Службата за чување на полето во Кавадарци да ги зајакнат контролите на терен за да се спречи оваа појава, која според земјоделците оваа година имала широки размери. ,,Отворените денови на Министерството за земјоделство,, од Кавадарци продолжија во Росоман, каде од 19 часот се одржа трибина со заинтересираните земјоделци и граѓани. Во конструктивна атмосфера, земјоделците и првите луѓе на Министерството за земјоделство, разменија мислења за тоа како да се унапреди земјоделското производство во овој регион, пред се овоштарството, поточно производството на праски кое во последниве години доживува вистинска експанзија. |