Средба на министерот Димовски со американскиот амбасадор Волерс

Date of publication: 
21 December 2011
Minister-amerikanski ambasador 004.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со  амбасадорот на САД Пол Волерс. На средбата стана збор за соработката во областа на земјоделството која се одвива преку двете развојни програми и тоа Кохран Програма (Cochran Fellowship Programme) преку која се обезбедуваат обуки на експерти и државни службеници кои работат во областа на земјоделската политика и трговија, агробизнисот, во процесот на управување, понатаму од областа на земјоделската и ветеринарната наука, советодавните служби, маркетингот на земјоделските производи и многу други области односно обезбедува обука и за јавниот и за приватниот сектор. Сите обуки се спроведуваат во САД. Целите на програмата се од една страна да се обезбеди поддршка во развојот на земјоделскиот систем исполнувајќи ги потребите и стандардите за храна, како и да се зајакнат трговските врски помеѓу земјите во САД. Секоја година по пат на селекција се избираат 5-6 лица (МЗШВ, Агенцијата за храна и ветеринарство, Факултетот за земјоделски науки и храна и од приватниот сектор) и престојуваат во САД во период од 2-3 недели. Програмата е многу корисна од аспект на запознавање со правната рамка и институционалната структура на земјоделскиот и руралниот систем во САД, трговскиот режим со земјоделско – прехранбени производи во рамките на СТО и други меѓународни институции, воспоставени врски меѓу владините тела, советодавно служби и земјоделците.

 

Исто така друга развојна програма која што се спроведува проектот АгБиз кој се спроведува преку УСАИД.Проектот АгБиз претставува фактор за кохезија помеѓу винарските визби и производителите на грозје. Целта на проектот е да се зголеми економскиот развој пред се на земјоделството, преку проширување на еколошко одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност, овозможувајќи им на производителите и преработувачите да бидат конкурентни на регионалните и глобалните пазари. Преку програмата треба да се обезбедат поголеми приходи на земјоделските производители и преработувачи, а со тоа и зголемени приходи за Владата на Република Македонија. Со развивање на ефикасни системи за поддршка на земјоделските производители и со зајакнување на врските меѓу производителите, преработувачите и трговците, АгБиз им овозможува на агробизнисите да ги лоцираат и да ги исполнат барањата на пазарот. Во рамките на АгБиз е компонентата Управување и спроведување на Фондот за посебни намени за зајакнување на капацитетите за стратешко планирање и креирање на политиките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Министерот Димовски го информира амбасадорот Волерс за стратешките земјоделски производи како што се винското грозје и виното од кое оваа година се извезени 120 милиони литри што во услови на криза претставува многу добар извоз, а всушност и најдобар во последните неколку години. Градинарското производство како и овоштарството се исто така гранки во кои се бележи зголемено производство и исто така зголемен извоз благодарение на достигнувањето на стандардите за квалитет кои се пропишани од Европската Унија. Тука стана збор и за сточарството, посебно во делот на овчарството кое како гранка имаше пад до пред 4-5 години,  но во последните години бележи пораст поради извозот на младо јагне кое како стратешки и квалитетен производ се извезува во регионот.

 

Трговската соработката на Република Македонија со САД во областа на земјоделството, се остварува пред се во рамките на трговската размена со земјоделско прехранбени производи, која се одвива под редовен режим, без преферанцијални услови.

Трговската размена со земјоделско - прехранбени производи меѓу Република Македонија и САД во основа се карактеризира со временски и интензивни циклични промени.

Во периодот 2010-2011 година, во трговската размена со земјоделско прехранбени производи меѓу Република Македонија и САД, се карактеризира со позитивни движења како во извозот така и во увозот.

 

Во извозот на земјоделско - прехранбени производи од Република Македонија во САД се: Тутунот како еден од стратешките земјоделски производи во Македонија чијшто откуп во моментот е во тек, каде меѓу другите откупувачи на тутун, откупот го вршат две големи Американски компании, Соко Таб – Битола и Алијанса Еден од Кавадарци. Од другите земјоделски производи во САД се извезува и вино од свежо грозје, сирење и кашкавал и друго.

 

Димовски рече дека имајќи го во предвид интересот на Р. Македонија за унапредување на соработката со САД во областа на земјоделството, секако дека ја наметнува потребата од организирање и на други форми на соработка како:

привлекување на инвеститори или формирање на мешовити компании во секторите на: органско производство, раноградинарско производство, сточарско производство и месни преработки, лозаро - овоштарство, преработки на овошје и зеленчук и слично;

интензивен маркетинг на македонските земјоделски производи, преку организирање на саеми, бизнис форуми, презентација на производи, на што Волерс рече дека смета дека ова се многу значајни прашања на кои треба да се работи и посочи дека ја поздравува идната соработка.