Продолжува интензивната соработка на Швајцарската амбасада со Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Date of publication: 
19 December 2011
Svajcarec 002.jpg

,,Република Македонија има голем потенцијал за развој на руралниот туризам бидејќи има  афтентична природа која, за жал, Швајцарија полека ја губи. Природниот потенцијал кој го имате треба да го насочите кон подобрување на економскиот развој на руралните средини, пред се на туризмот  и на голем број дејности кои се поврзани со него. Уверен сум дека денешниот состанок е основа за продолжување на постоечката соработка на швајцарската амбасада со Владата на Република Македонија, вклучително и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,,. Ова го заклучи  амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лазарото со кој министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски оствари работен соостанок.

Министерот Димовски се заблагодари на досегашната помош која ја  дава Владата на  Швајцарија на Република Македонија преку многубројните програми за поддршка. Секако,  истакна тој,  особено важна е и експертската помош која  ја добива нашата земја во секој сегмент, вклучително и во областа на земјоделството.

-Швајцарија е земјата каде Македонија извезува најголем дел од органските земјоделски производи. Имаме квалитетно  производство, а законската и подзаконската регулатива се комплетно усогласени со европската.  Поставени се стандардите и затоа овој тип на производство во нашата земја во изминативе неколку години доживеа вистинака експанзија. Се надевам дека пласманот на органски производи во Швајцарија во иднина ќебиде уште поголем. – рече министерот Димовски.

Стратегијата за соработка на Швајцарија со нашата земја за периодот 2009 - 2012, е усогласена со стратешката определба и документи на Владата на Република Македонија во однос на поддршката во евро-нтеграциските процеси. Во неа, акцентот е ставен на воспоставување на одржливо искористување на природните ресурси, како и  во спроведување на интегриран систем за управување со водените ресурси и долгорочно применување на политиките за заштита на  животната средина.

-Досегашната поддршка на Швајцарската Влада се однесуваше на развој на македонското органско земјоделско производство, заштита на животната средина, а преку СИПП Програмата за трговијата и промоцијата на македонски производи, се поддржаа малите и средни претпријатија за учество на саемски манифестации и други форми на маркетинг. Исто така, во делот на земјоделството, преку ПРЕДА ПЛУС програмата за регионален развој, преку локалните самоуправи во Пелагонија беше поддржано производството на пиперки и на јаболка, како и развојот на руралниот туризам во село Брајчино – објасни амбасадорот Лазарото.

Сегашните активности  на Швајцарската Влада се  насочени кон воспоставување на  нов начин на интегрирано управување со водените сливови, како и на поддршка на секторот за третман на отпадните води. Во овој контекст, главниот фокус на Швајцарската Влада во управувањето со водите е сливот на реката Брегалница, преку кој, како што потенција Лазарото ќе се унапреди техничката, економската и финансиската одржливост на инфраструктурата, а ќе се подобри и ефикасната на службите и локалната самоуправа во поглед на третманот на отпадните води. Исто така, додеде тој, во тек е изработка на физибилити студија за изградба на пречистителна станица за Кочани.

Министреот Димовски  објасни дека Владата на Репуублика Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостиопанство посветуваат особено внимание на заштитата на водите, пред се во  регионот на Брегалница бидејќи до водата од оваа река се  обезбедува наводнување на дел од 4,5 илајди хектари посеани со ориз. Подготовките за потпишување на договорот за продлжувањље на соработката меѓу Владите на Република Македонија и Швајцарија, како пшто информира министерот  Димовски ќе биде потпишан деновиве. Тој рече дека за да се подобри сосотојбата  со наводнувањето во овој регион и да се ублажи влијанието на климатските промени, како и за да се подобри сосотојбата со водоснабдување на населението во  овој регион, Владата на Република Македонија планира изградба  на акумулација.

 -Швајцарската Влада  ќе го поддржи и секторот шумарство и тоа  во однос на заштита на природата и заштита на биодиверзитетот, како дел од процесот на постигнување на Европската унија  и исполнување на меѓународните стандарди и барањата. Очекуваме дека од средината на идната година ќе почне реализацијата на проектот кој има за  цел  во регионот на Осоговијата да создаде услови за  економски развој на руралните средини и тоа преку попттикнување на економски активности кои се однесуваат на одржливото искористување на пририодните ресурси. Во овој проект во наредните 3,5 години, Швајцарската Влада ќе вложи 4,5 милиони швајцарски франци – најави на крајот од средбата  амбасадорот Лазарото.