- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Димовски и Коњановски на трибина во ЛозовоDate of publication: 17 December 2011
Во рамките на Отворените денови на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска со почеток во 19 часот се одржа трибина во општина Лозово. Министерот Димовски им се обрати на граѓаните од општина Лозово и ги извести дека Владата е изворно известена за ситуацијата со АК“Џумајлија“ и дека мора да се изнајде решение за овој огромен проблем. Им рече дека тој заедно со заменик министерот и раководителите на сектори се тука за секое прашање од областа на земјоделството. Како што рече министерот “Каде ќе оди Министерот за земјоделство ако не кај земјоделците?“ Најчести поставувани прашања беа во делот на распределбата на земјоделското земјиште, субвенициите, како и проблемите со системите за наводнување. Во врска со прашањата за распределбата на земјоделското земјиште за тутунарите во светиниколскиот регион им беше одговорено дека од Министерството во најбрз рок ќе се средат техничките работи, ќе се ослободи земјиштето од кориснички права и ќе се пушти на Јавен оглас на кој ќе можат да конкурираат. За субвенциите им беше речено дека тековно оди исплатата. Од граѓаните на Лозово беше побарано да се отвори подрачна единица на Министерството за земјоделство на што им беше кажано дека во тек е изработка на проект за мобилни канцеларии на министерството кој ќе почне да функционира за неколку месеци, а додека да почнат да функционираат мобилните канцеларии два пати во текот на неделата вработени од подрачната единица на министерството во Свети Николе ќе доаѓаат во Лозово. Заменик Министерот Коњановски на присутните граѓани им го објасни проектот за задругите кој треба да започне во 2012 година. Во врска со проблемот за водоснабдувањето Димовски истакна дека Министерството интензивно се подготвува да се намалат последиците од сушата во земјава и тоа во оние региони кои се најпогодени. Оваа година се предвидени 35 милиони милиони за II фаза од системот за наводнување на браната Лисиче, а исто така и дека е заинтересирана Израелска компаниаја за инвестирање во овој дел.
|