- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерството за земјоделство ја подготви Нацрт Програмата за имплементација на агроеколошките меркиDate of publication: 15 December 2011Министреството за земоделство, шумарство и водостопанство со поддршка на Проектот ,,Развој и спроведување на агро – еколошки мерки,, ја подготви Нацрт Програмата за ИПАРД мерката 201 која се однесува на агроеколошките мерки. Оттаму, како што беше истакнато на денешниот трет Управен Комитет на Проектот, по 6 месеци интензивна работа евидентен е значителен напредок во поглед на усогласувањето на законската регулатива и подготовката на обемниот материјал кој наскоро треба да се најде на усогласување и пред Европската Комисија. -Ни претстои интензивна работа доколку сакаме да ги користиме финансиските и останатите придобивки што ги даваат агроеколошките мерки. Во периодот што претстои треба да се насочиме кон политиките на Европската унија кои во најголем дел се однесуваат на таканаречените зелени мерки, односно кон значително зголемување на износот кој ќе биде наменет за агро-еколошки мерки. За успешно спроведување на агро-еколошките мерки ќе биде неопходно да се исполнат и повисоки критериуми – рече во обраќањето министреот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Како што потенцира тој, само земјоделците кои ќе ги научат агроеколошките принципи во производството и нивните придобивки, ќе бидат оние кои полесно ќе се одлучат за ваков тип на производство кое и сега, во најголем дел во Република Македонија е традиционално. -Свесен сум дека акредитацијата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за оваа мерка е комплексен процес кој бара поседување на соодветно знаење, искуство и вештини. Токму поради тоа, од особена важност е да се искористи знаењето кое сега го пренесува овој Проект. Тоа е основа за наше понатамошно активно учество во идните активности со цел навремено да се реализираат поставените цели за да се отвори можност за да се добие акредитација на Агенцијата за спроведување на агроеколошките мерки- истракна министерот Димовски. Придобивките на ИПАРД програмата, во делот кој се однесува на агроеколошките мерки се заштита на животната средина, производство на природен начин, но, како што посочи тој, целта е да се направи брендирано и уникатно производство кое кај нас има традиција, помалку заборавено, но не и целосно избришано. -Агроеколошките мерки се основа за заштита и зачување на македонската природна животна средина во процесот на земјоделското производство. Преку програмата им се дава можност на земјоделците кои одгледуваат автохтони животни - буши и овци, производители на вино од грозје од автохтоната сорта станушина, за производство на јаболка, органски зеленчук и лековити растенија да го внесат концептот на агроекологија во производството. Преку овој концепт ќе се овозможи и зачувување на природните ресурси, водата, почвата и генетската диверзификација, а на македонските граѓани ќе им се понуди здрава и еколошка храна – заклучи министерот Димовски. Соња Буковец тим лидер на Проектот потенцира дека е неопходно да се направат неколку измени на законската регулатива за да се воспостави системот на имплементација на агроеколошките мерки, за што, во иднине треба да се интензивира и соработката меѓу Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање со цел воспоставување на адекватна заштита на водата и почвата како основни ресурс за реализација на агроеколошките мерки. Како што рече, Џон Баркер, претставник на Делегацијата на Европската комисија, Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Платежната агенција во изминатиов период постигнале значителни резултати во креирање и имплементација на концептот на агроеколошките мерки и потенцира дека институциите на системот неминовно е да вложат голем напор, агроеколошките мерки и реално да почнат да се имплеметираат во Република Македонија за кус период.
|