- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Финишираат подготовките за изградба на центар за производство на сертифициран семенски и саден материјалDate of publication: 13 December 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водпстопанство Љупчо Димовски вчера вечер се сретна со висока делегација од Израел во состав David Cohen, амбасадор на Израел за Македонија, БиХ и Албанија, амбасадорот на Израел во Меѓународната агенција за развој MASHAV, Ben-Matityahu Ephraim, претставник од израелското Mинистерство за земјоделство, Daniel Werner, експертот за земјоделски технологии и производство на семе и саден материјал Gioria Tesler и почесниот конзул на Израел во Македонија, Viktor Mizrahi. Делегацијата од Израел е во Република Македонија заради финализирање на разговорите со Министерството за земјоделство, шумарство и водпстопанство, со цел отпочнување на Проектот за изградба на расадник за производство на висококвалитетен сертифициран семенски и саден материјал, за чие спроведување се направени подготвителни активности од двете страни. Министерството за земјоделство, шумарство и водпстопанство ја започна постапката за доделување на земјиште во Свети Николе за подигнување на расадникот, кој се планира да прерасне во центар за трансфер на современа производствена технологија, демонстративни опити пренесување на знаења и искуства од реномирани израелски експерти, како и за одржување на обуки за производство на висококвалитетно семе и саден материјал наменети за земјоделските производители и советодавните служби во Република Македонија. На средбата министерот Димовски ја потенцираше важноста на проектот од повеќе аспекти, како производство на квалитетно зејоделско-прехранбени производи кои ќе бидат конкурентни на европските пазари и пошироко, подобрување на организацијата на семепроизводството во Република Македонија со цел добивање сертифициран, квалитетен и виско отпорен семенки и саден материјал во контекст на очекуваното влијание од климатските промени кои ќе бидат поизразени во одредени земјоделски региони во Македонија. Тој ја истакна и нашата подготвеност да ги обезбедиме сите потребни ресурси за успешна реализација на предвидениот проект, што се очекува и официјално да почне во март 2012 година. Во рамки на посетата на Израелската делегација ќе се одржи македонско-израелски бизнис форум на кој се очекува да се сретнат голем број фирми од двете земји, но и од регионот, со цел започнување на заеднички бизнис. |