Кинески компании заинтересирани за македонскиот вински сектор

Date of publication: 
21 November 2011
kinezi 009.jpg

Најголемата кинеска компанија од виснкиот сектор во почетокот на идната година ќе дојде во Република Македонија  да го скенира винскиот пазар и да ги согледа можностите за извоз на македоснко вино во Кина. Ова денеска го најави заменик министерот за земјоделство на Народна Република Кина, Гао Хонгбин на средбата со министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски. Ваквата најава од кинеското ресорно министерство, како што објасни Хонбин, следува по минатомесечното потпишување на договор од една кинеска компанија за извоз на македонско вино на кинескиот пазар во вредност од 250 илјади евра.

- Во изминативе 6 години Република Македонија интензивно го развива примарното земјоделско производство и преработувачката индустрија. Виното е еден од стратешките земјоделски производ и сектор во кој многу се инвестира. Инаку и со виното присутни сме на саемските промоции во НР Кина кои се добра алатка за претставување на потенцијалите на земјоделско-прехранбениот сектор на нашата држава. Се надеваме дека овој сектор е еден од неколкуте каде може да се оствари плодна соработка меѓу нашите две држави – рече министерот Димовски.

Тој доде дека  резултат на интензивните вложувања во  земјоделскиот сектор во изминативе неколку години се зголеменото производство и во квантитет и по квалитет, како и извозот.

Заменик министерот Коњановски, на чија покана во Република Македонија  престојува делагацијата од кинеското Министерство за земјоделство, потенцира дека отпочнатата  соработка на институционално ниво е добра основа за интензивирање на активностите во делот на размена на искуства кои ќе се стават во функција на унапредување на земјоделството во нашата држава. ,,Направивме големи реформи во земјоделскиот сектор,но, потербна ни е секоја помош и поддршка. Особено важна  е онаа која се однесува на оптималното користење на земјиштето, на унапредување на производството на ориз и на осовременување на земјоделскта механизација,, – потенцира заменик министерот Коњановски.

Министериот Димовски и заменик министреот Коњаниовски на состанокот упатија силна поддршка  за инвестирање на заинтересирани кинески компании во земјоделско-прехранбениот сектор во Република Македоинија. ,,Имаме најниски даноци во Европа, а според Светска Банка неколку години по ред Република Македонија се рангира меѓу првите три топ бизнис реформатори. Ова за нас е доволна причина да упатиме јасна порака и на заинтересираните компании од Кина:Инвестирајте во Македонија,,- рече заменик министерот Коњановски.

Министерот Димовски објасни дека Република Македонија е заинтересирана за инвестирање во делот на организирано производство,  откуп и преработка на земјоделско-прехранбени производи како и за отворање на преработувачки капацитети за овошје, зеленчук и за месо.  Тој истакна дека сега за инвеститорите по само едно евро за квадрат на располагање се околу 33 локации за изградба на вакви капацитети.

Кинескиот заменик министер изрази воодушевување од динамиката на развој на македонскиот аграр и посочи дека наскоро бизнис делегација од Кина ќе ја посети Република Македонија и слободните економски зони и ќе ги разгледа можностите за инвестирање, вклучително и во земјоделско прехранбениот сектор, поточно во делот на производство и преработка на месо.

Потврда за воспоставените односи на соработка во делот на земјоделството, како што истакна министерот Димовски е Протоколот за извоз на  тутун од Македонија на кинескиот пазар кој треба да се потпише наскоро. Македонското и кинеското министерство за земјоделство до крајот на оваа година, како што беше прецизирано на состанокот треба да го потпишат и билатералниот акционен план за соработка во областна на земјоделството на институционално ниво. 

Во рамки на тридневкната посета на нашата земја, претставниците од кинеското министерство за земјоделство ќе посетат неколку компании од земјоделско-прехранбениот сектор.