- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Успешно го градиме македонскиот модел на современо земјоделствоDate of publication: 5 November 2011Со многу труд, макотрпна работа, посветеност и решителност, преку преземање конкретни мерки и активности, покажавме дека ги спроведуваме реформите за подобрување на состојбите во земјоделството, рече денеска ресорниот министер Љупчо Димовски, давајќи отчет за сработеното во изминатите 100 дена. На прес-конференцијата која се одржаво министерството за земјоделство,шумарство и водостаопанство, а на која присуствуваа и заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски и државниот секретар на Министерството Бесир Јашари, миниатерот Димовски го изрази уверувањето дека работите се движат во вистинаки правец и дека ветеното се остварува и тоа со со оправдување на довербата од земјоделците и граѓаните. Освен реализирањето на планираните проекти за квалитетно, конкурентно производство, како што истакна тој, интензивно се работи и на усогласување на домашната со европската аграрна политика. -Потврда за сработеното и за доброто креирање и спроведување на земјоделската политика е и високата оценка од Европската комисија која воедно претставува сериозен мотив и поттик да продолжиме со реформите за подобрување на конкурентноста на македонското земјоделство, рече министерот Димовски. Она што претстои, додаде тој, е насочување на целокупната енергија кон интензивирање на почнатата имплементација на регулативите на ЕУ на домашен терен. Изминатиов период, преку организирање континуирани средби и состаноци со земјоделските здруженија и компаниите, Министерството реализираше повеќе од дефинираните програмски задачи. - Владата донесе одлука за заштита на пазарот на пченица и брашно во интерес на македонските земјоделци, Агенцијата за стоковни резерви во рок од 7 дена објави Јавен оглас за набавка на 40.000 тони пченица за потребите на стоковите резерви. Спроведовме засилени контроли на регистрираните субјекти за откуп и промет со пченица и брашно во државата. Во насока на стимулирање на откупот на грозјето, се донесе пакет мерки со дополнителна финансиска поддршка за производителите на грозје и за винариите, додаде министерот. Лозарите кои ќе го предадат грозјето во регистрирани винарски визби ќе добијат по 2 денари за килограм финансиска поддршка од државата, доддека винарите за откупен килограм бело грозје по минимум осум денари ќе добијат 1,5 денари стимулација, а за црвено грозје откупено по најмалку 10 денари 2,5 денари поддршка. Владата оваа дополнителна поддршка ја предвиде за винариите што ќе откупат поголемо количество грозје од просекот во 2009 и 2010 година. -Во услови на глобална винска криза и отежната продажба на вино успеавме за краток период да ги отвориме вратите на пазарите на кои во значителни количини успешно се реализира пласманот на македонското вино. Во рамки на најавениот проект 100 нови винарии и дополнувањето со уште 50, извршивме пренамена на земјоделско земјиште во градежно на 12 урбанистички планови на кои се предвидени вкупно 73 градежни парцели за изградба на винарии со вкупна површина од 3.453 хектари, нагласи министерот Димовски. Во тек огласот за продажба на локации за винарници во општините Кавадарци, Неготино и Росоман. Наскоро ќе бидат подготвени и објавени и парцели за Велес, Градско, Штип, Свети Николе, Струмица, Куманово, Кратово, Валандово, Дојран, Демир Капија, Охрид и Битола. Во насока на поддршка на производителите на домати и пиперки и ублажување на загубите кои ги претрпеа производителите на овие градинарски култури, Владата, потсети министерот,по предлог на Министерството за земјоделство, донесе интервентна мерка за финансиска поддршка од дополнителни 2 милиони евра. Со мерката се предвидува зголемување на висината на субвенциите за домати и пиперки одгледани на отворено и во пластеници, зависно од големината на производствената површина. -За што поголемо производство на храна, Владата, по формирањето, склучи 317 договори со кои се доделени 1.464 хектари од вкупно огласените 4.400 во досегашните јавни повици. Според ветеното, распишавме јавни огласи и почнавме со решавање на долгогодишниот проблем кој го имаа земјоделците со подигнатите долгогодишни насади на кои не им беше регулиран правниот статус заради што земјоделците не можеа да земат субвенции, рече тој. Во изминатите 100 дена беа распишани и 3 јавни повици за давање под закуп државно земјоделско земјиште за регионите во Кавадарци, Неготино и Гевгелија. Како обврска на владината Програма за инвестиции и отворање нови работни места, Министерството за земјоделство, согласно Законот за земјоделското земјиште, достави 107 одлуки за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште до Владата, над 50 решенија за давање согласност за вршење на геолошки истражувања и 20 решенија за давање согласност за експлоатација на минерални суровини. Согласно ветувањето за доставување и објавување на редовни дневни извештаи за цените, во рамки на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС) за навремено и точно информирање на земјоделците, преработувачите и трговците со земјоделски производи, изработен е софтвер за системот за собирање информации за движењето на цените со земјоделски производи на зелените, добиточните пазари и откупно дистртибутивните центри. Преку овој систем ќе се доставуваат и објавуваат дневни извештаи за цените на производите. -Го развивме посебниот систем на праќање бесплатни СМС со податоци за движењето на цените до заинтересираните земјоделци. Во соработка со Министерството за информатичко општетство и компанијата Ериксон, како прва земја во регионот, почнуваме пилот проект „СМС Агро берза“ за склучување купопродажни договори за земјоделски производи, информира Димовски. За поголема транспарентност во работењето и навремено добивање информации, промовиран е современиот контакт центар на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кој се обезбедува поголема достапност на информации за земјоделците кои користат субвенции. Воведена е и бесплатна телефонска линија во Државниот инспекторат за земјоделство и во Министерството, отворена за сите заинтересирани земјоделци за добивање податоци и информации за кои имаат потреба. Во рамки на реализацијата на ИПАРД програмата, додаде министерот, објавен е четвртиот јавен повик на кој се доставени 60 барања за користење средства кои побаруваат вкупно 2.8 милиони евра. Државениот инспекторат за земјоделство водеде 24 часовно работно време за побрз проток на стоки на граничните премини Табановце, Богородица и Ново село - Струмица. -Продолжуваме со реализација на конкретни мерки и проекти, со дела кои ќе бидат видливи за секој земјоделец, за секој производител, за секој граѓани, дела базирани на посветена, чесна и искрена работа, заклучи министерот Љупчо Димовски во отчетот за сработеното. |