- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заедничката работа, клучна за зголемување на конкурентноста на земјоделствотоDate of publication: 2 November 2011,,Можностите на македонското земјоделство се огромнии тие мора да се искористат, вклучувајќи ги и сите предности со кои тоа располага. За да се постигне ова, неминовна е заедничка, интензивна работа на сите вклучени во секторот, на производителите, стопанските субјекти, науката и државата. Со досегашната политика, Владата покажа дека е сериозно насочена кон развој на земјоделството, иако, знаеме дека можеме многу повеќе,,. Ова им го порача на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на производителите, преработувачите и трговците со земјоделски производи на денешната седница на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија посветена системската поддршка за конкурентно земјоделско производство. Производството на храна, глобалното затоплување и обезбедувањето вода за наводнување, додаде тој, остануваат клучни предизвици за натаможен развој. ,,Финансиската поддршка и натаму ќе се зголемува, а ќе биде насочена пред се кон зголемување на извозот и создавањето поконкурентни производи,, - истакна заменик- министерот Коњановски. Со поддршка на Холандија објасни тој, Министерството изготвува стратегија за окрупнување на површините. Целиот процес практично ќе стартува идната, а треба да заврши до 2012 година. ,,Во однос на задругите, не планираме здружување како пред 50 - 60 години. Напротив, секој што ќе влезе во задругата ќе има неприкосновено право на сопствениот имот и ќе добива поголеми субвенции. Дел од надоместокот за потрошената вода на задругата ќе го покрива државата преку Програмата за рурален развој, а воедно и ќе го плаќа менаџерот во првите пет години,, објасни заменик министерот Коњановски. Примерот за задругарството според него е земен од повеќе земји, а треба да овозможи планско производство и сигурен пласман на произведеното. Во Програмата за рурален развој, додаде заменик министерот, прв пат ќе се воведе поддршка за иновации и трансфер на технологии. ,,Големо внимание се посветува и на земјоделската механизација. Тим експерти работи сега работи на студија која треба да ја прикаже реалната состојба, староста на машините, нивната продуктивност, еколошките аспекти. Студијата ќе послужи како аргумент за добивање на ИПАРД средства за обезбедување нови трактори и комбајни,, - истакна тој. Ефективно искористување на буџетските средства за системска поддршка, достапност на субвенциите до сите стопанства и земјоделци независно од површините, капацитетите и бројот на грла со кои располагаат, како и окрупнување на земјиштето, се предлог-мерките на Стопанската комора за интензивирање на земјоделското производство. Членките на Здружението истакнаа дека позитивен тренд во развојот е евидентиран во производство на ориз, на тутун, во градинарството каде има и зголемување на просечните приноси по хактар, но, останува предизвикот да се интензивира поддршката и развојот во другите сектори. Според анализите на Комората, Македонија сеуште е увозно зависна бидејќи потребите на домашниот пазар се задоволуваат само во делот на овошје, зеленчук, тутун и пијалаци. |