- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Првите луѓе на Министерството за земјоделство присуствуваа на Фестивалот на органска хранаDate of publication: 29 October 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и заменик министерот Зоран Коњановски, денеска, на Градскиот плоштад во Скопје, присуствуваа на првиот Фестивал на органска храна. Првите луѓе на Министерството, остварија средба со производителите и дегустираа органски производи. Манифестацијата ,, Фестивал на органската храна,, е во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и градот Скопје во соработка со Федерацијата на производители на органски производи. - Производството на органска храна стана препознатливо земјоделско призводство и се подостапно за граѓаните. Радува фактот дека во Република Македонија, во изминативе неколку години, евидентен е континуираниот расти развој на органското производство.Сертифицираната производствена површина само за една година се зголеми повеќе од три пати, односно од околу 1.400 хектари во 2009 на 5.225 хектари минатата година, рече министерот Димовски на отворањето на манифестацијата. Само за една година, како што истакна тој, за над 2.300 хектари зголемена е површината за органско производство на житни култури. Од 180 на околу 1.000 хектари зголемена е површината за органско производство на фуражни култури, а минатата година евидентирани се дополнителни 50 хектари на градинарски култури во споредба со претходната година. - За една производствена година голем раст е евидентиран и кај органското лозарство. Во оваа гранка од околу 60,4 хектари во 2009 година, лани површината за органско грозје се зголемила на рекордни 244 хектари. Кај производството на органско овошје забележан е раст од 123 хектари, додаде тој. Годинава од буџетот за поддршка на органското производство одвоени се повеќе од еден милион и 780 илади евра. Под мотото ,,Од природата за мене,, во рамки на првиот Фестивал на органска храна, своите органски производи ги претставија триесеттина производители од Република Македонија и регионот. Целта на оваа манифестација е популаризација на органското производство и унапредувањето на биодиверзитетот. |