- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Одржан состанок на Координативното тело на акцијата за пошумување ,,Ден на дрвото,,Date of publication: 26 October 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставниците на Координативното тело на традиционалната акцијата за пошумување ,,Ден на дрвото,,. Како што беше заклучено на состанокот, есенската акција за пошумување во рамки на годинашната кампања како и досега, ќе се изведе во третата недела од ноември, за што наскоро ќе се дефинираат и локациите каде што ќе се пошумува.
Во есенската кампања за пошумување, како што беше истакнато на состанокот, акцент ќе се стави не само на пошумувањето на шумите туку и на површините во населените места. Особено внимание според претставниците од ЈП ,,Македонски шуми,, есенва ќе се посвети на пошумувањето покрај патиштата и автопатите, за што според проценките на ова јавно претпријатие веќе се обезбедени садници за пошумување на површина од околу 400 километри.
И оваа година, беше заклучено на состанокот на Координативното тело, граѓанската акција за пошумување ,,Ден на дрвото,, ќе се реализира во партнерство со Владата на Република Македонија односно Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и јавното претпријатие ,,Македонски шуми,,. Присутните на состанокот се согласија непосредно по завршување на есенската акција за пошумување да почнат подготовките и за акцијата која треба да се реализира напролет, а која според идејата промовирана неодамна треба да прерасне во Балканска акција за пошумување. |