- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Со засилени инспекциски контроли ќе се стабилизира цената на пазарот со оризDate of publication: 22 September 2011Ценовно стабилизирање на пазарот со ориз преку обврзувачки откуп на домашно производство, засилени контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство и на Државниот инспекторат за земјоделство на откупните пунктови и во прометот, најави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по денешната средба со претставниците на Националниот совет за ориз. На состанокот на кој се дискутираше за актуелната состојба со откупот на оризот присуствуваа и заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, градоначалниците на општините Кочани и Чешиново-Облешево и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство како што рече министерот Димовски ја прифати иницијативата на Националниот совет за ориз за набавка на комбајни за жетва на ориз по поволни услови. - Од почетокот на идната година ќе почне со реализација и проектот за домашно производство на сертифициран семенски и саден материјал, вклучително и на ориз, со што ќе се создадат услови за зголемување и на квалитетот и на приносите од оваа житна култура. За реализација на овој голем проект на Владата од примарно значење за развој на земјоделството, во подготовка е измена на голем дел од законската и подзаконската регулатива - истакна на состанокот министерот Димовски. Александар Донев, претседател на Кластерот за ориз при Националниот совет за ориз побара Владата и Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство да ја разгледаат можноста оризот да се врати на листата на стратешка култура и да влезе во државните резерви. Тој ја истакна и потребата од активно вклучување на владините економски промотори во промоцијата на овој македонски земјоделски производ на странските пазари. -Кочанскиот ориз е на листата на 11 македонски производи кои наскоро треба да се брендираат и за чија промоција економските промотори неопходно е повеќе да се заложат во наредниов период. Оваа земјоделска култура е дена од приоритетните во Република Македонија и затоа од минатата година субвенцијата за неа е поголема во споредба со другите житни култури. Во соработка со Институтот за ориз од Кочани и со земјоделските факултети од Скопје и Штип сега активно работиме на создавање на услови за обезбедување на високоприносни сорти ориз за претстојната сеидба- објасни министерот Димовски. Она кон што се стремиме, заклучи тој е во иднина производителите на оваа земјоделска култура да ја зголемат употребата на сертифицирано семе во производството со цел, подорување на приносите и на квалитет на производството на ориз во нашата држава. |