- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Државата ќе продава локации за винарски визби по евро за квадратDate of publication: 3 September 2011Преку 50 локации со површина од 4 до 5 илјади метри квадратни и почетна цена од евро за метар квадратен ќе понуди државата на продажба за градење винарски визби низ Македонија, соопшти заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната посета на неколку откупни пунктови за грозје во Кавадаречко. - Изградбата на винарските визби покрај веќе обезбедените субвенции, ќе значи остварување дополнителна вредност, развој на лозарските региони и винскиот туризам, постигнување повисоки откупни цени и поголема конкуренција, истакна Коњановски. Моментно Министерството работи на расчистување на 78 локации од кои 20 ќе бидат во Кавадаречко, 28 во Неготинско и осум во Росоман, доволен број, како што нагласи Коњановски, за развој на винарството, винската индустрија и винскиот туризам. Тој оцени дека овој владин проект, изградбата на т.н. пат на виното, е убава вест особено за сите што се занимаваат со лозарство. Владата во последните две години за лозарите од Кавадаречко обезбеди преку половина милијарда денари поддршка. - Сите дополинтелни мерки што ги презема државата годинава ќе овозможат да се испочитува договореното меѓу производителите и винарите, изјави градоначалникот на Кавадарци Александар Панов кој го придружуваше заменик-министерот во посетата на пунктовите. |