- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Високите температури и засилениот ветер нова опасност за појава на пожариDate of publication: 7 August 2011Управата за хидрометеоролошки работи најавува зголемување на температурите во наредните два дена, кои според проценките на синоптичарите, утре, понеделник, 8.08.2011 ќе достигнат до 37, а во вторник до 38 степени Целзиусови. Зголемеите дневни температури, но и најавениот засилен ветер за в среда, според Секторот за аналитика при Дирекцијата за заштита и спасување, ја зголемува и опасноста од појава на шумски пожари. Поради ваквата состојба, нивото на готовност на сите мобилни екипи за превенција и за гаснење на пожарите во наредните денови ќе биде подигнато на највисоко ниво. Во насока на превенција на појава на шумски пожари, Оперативното координативно тело за заштита од шумски пожари ги потсетува граѓаните дека е воведана делумна забрана за движење во шумите, а земјоделците дека е забрането палење на стрништата. Казната за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната без посебно одобрение од корисникот или сопственикот на шумата се движи од 2 до 3 илјади евра. За правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари казната изнесува од 15 до 20 илјади евра. Казната за палење на стрништа, плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казната, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата. Координативното тело за заштита на шумите од пожари им препорачува на граѓаните да не користат запаливи материи на отворен простор, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери. Возачите и патниците со автомобили и друиги превозни средства да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари за да не се предизвикаат пожари долж патиштата. Телото препорачува работниците во шума да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината. Секоја појава на пожар или опасност од пожар, граѓаните можат да ја пријават на бесплатниот телефон за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи, на бројот 193, како и на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,,.
Координативно тело за заштита на шумите од пожари |