- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Македонскиот зеленчук е безбеден за исхранаDate of publication: 18 June 2011Во македонскиот зеленчук нема присуство на бактеријата ешерихија коли. Безбеден е и сосема исправен за консумирање, порачаа денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. Агенцијата, како што истакнаа Димовски и Рунтевски на прес-конференција, изминатите 10 дена спроведе вонредни контроли на преку 40 примероци зеленчук земени по случаен избор од малопродажбата и директно од оранжериските прозводители. Резултатите покажуваат дека доматите и краставиците се безбедни за исхрана за јадење. - Изминатава година во рамки на ЕУ, Македонија, како трета земја, беше втор извозник на краставица. Тоа доволно зборува за квалитетот и безбедноста на нашите производи, нагласи Рунтевски. Министерот Димовски напомена дека по појавата на бактеријата ешерихија коли освен пласманот на домашниот и странскиот пазар, намалени се и цените на раноградинарските производи. Владата ќе им излезе во пресрет на производителите со зголемување на поддршката и обезбедување кредити преку Земјоделскиот кредитно-дисконтниот фонд со поволна каматна стапка. Извозот на домати за периодот јануари - 14 јуни 2011 година е намален за 18 отсто во однос на истиот период лани, на краставиците за 23 проценти. |