- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Предадени во употреба најсовремени мобилни лабораторииDate of publication: 28 April 2011Во рамки на завршниот дел од проектот „Промоција на земјоделски и млечни продукти“ денеска во Струга беа доделени пет најсовремени мобилни лаборатории за испитување на квалитетот на земјиштето што ќе бидат ставени на располагање на земјоделците од 13 општини кои влегуваат во состав на регионот.
Лабораториите ќе бидат од голема помош за утврдување на погодноста на земјиштето за одгледување на одредени земјоделски култури, како и во фазата на наѓубрување, со што ќе се обезбеди заштита од прекумерната и неконтролирана употреба на хемиски препарати.
-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно подрачните единици во Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод со вршење на анлизи на почвата со мобилните лаборатории ќе му помогне на секој поединец кој сака да почне свој бизнис во делот на земјоделското производство, како и на оние на кои испитувањата на почвата им се потребни за унапредување на земјоделското производство. Се надеваме дека опремата која Центарот ни ја дава на користење целосно ќе се стави во функција на развојот на аграрот бидејќи експертите се едногласни дека со правилен избор на минерални ѓубрива, заштедата во производството е голема. Науката е едногласна дека само со 15 направени анализи на површина од 100 хектари, со правилен избор на минерално ѓубриво произвеодителите ќе заштедат и до 300 илјади денари истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Со лабораториската опрема која денеска ја добивме на користење ќе ракуваат само овластени и оспособени лица за вршење на анализи кои нема да наплаќаат надомест за својата работа. На крајните корисници, односно лицата што сакаат да вршат мерења на квалитетот на земјиштето, ќе им се наплаќа само износ за потрошните материјали со што ќе се обезбедуваат средства за набавка на нови. Денеска беше промовирана и публикацијата на најкарактеристичните земјоделски и млечни продукти, како и база на најзначајните производители од овие два сектори, печатена на четири јазици во тираж од 8.000 примероци |