- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Деновиве ќе се дооткупи преостанатиот тутун.Date of publication: 22 March 2011Откупувачите се мобилизирани и на теренот, претежно во Долненско, деновиве ќе ги дооткупат преостанатите количества тутун, соопшти вчера вечер министерот за земјоделство Љупчо Димовски кој во Прилеп имаше работна средба со Сојузот на тутунските здруженија и со Инспекторатот. Министерот Димовски не очекува да има проблеми со издавањето бели картони за новата реколта тутун, а до крајот на мај тутунарите ќе ги добијат субвенциите.
- Направивме последна координација со откупувачите за да се дооткупат преостанатите количества тутун претежно во Долненскиот регион. Прецизирани се пунктовите. Сокотаб од Битола сите 293 договори со тутунарите ќе ги реализира и ќе се отворат пунктовите во Дебреште, Ропотово, а наредниот ден и во Црнилиште. И Алијанса од Кавадарци ќе дооткупи. Струмица табак наместо во Житоше, ќе отвори пункт во Дебреште, а и Центротабак деновиве ќе го преземе договореното, прецизираше министерот Димовски по работната средба со Сојузот и со Инспекторатот.
Во Македонија има 200 до 300 тони се уште неоткупен тутун. Ќе се откупи и преостанатото во Радовишко и во битолските општини Новаци и Могила. Во меѓувреме почнаа подготовките за новата реколта.
- Тоа треба да се одвива непречено и без некои тешкотии за да се издаде белиот картон како услов за тутунопроизводство. За да се спроведе тоа според законските одредби, ќе помогне и Сојузот на тутунските здруженија, вели Димовски.
Тој уверува дека со измените во Законот, тутунарите ќе имаат поголема заштита од Инспекторатот за пореална процена на родот.
- Во спротивно, се предвидени сериозни казни за откупувачите, дури и одземање на лиценцата кога над 30 насто е погрешна процената на тутунот. Со правилникот и намалувањето на бројот на класите се стеснува можноста за манипулација. Вака, на директен начин ќе се избегнат неправдите што во ова откупна кампања ги претрпеа тутунарите, појасни Димовски.
Во секој случај, нагласи министерот за земјоделство, се очекува откупувачиите да си го одржат зборот и деновиве да се стави крај на откупот. |