- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеDate of publication: 2 March 2011Поврзано со искажаните ставови пред извесно време на електронски и печатен медиум, Министерството за земјоделство реагира на паушалните изјави и констатации, кои всушност му наштетуваат на целиот процес со користење на земјоделското земјиште, создавајќи искривена претстава со што се доведува во заблуда пошироката јавност, а воедно создава можност извлекување на поединечна корист. Апсолутна невистина е дека во Република Македонија има преку 260.000 хектари обработливо замјоделско земјиште од кое 190.000 хектари е необработено, кое истовремено не е доделено под закуп и за истото известуваме дека: Вкупната површина на обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија изнесува 650.000 хектари од кое 2/3 е во приватна сопственост, а 1/3 во државна сопственост кое изнесува околу 215.000 хектари. Министерството за земјоделство до овој момент по различни основи има склучено вкупно 4360 договори за закуп за површина од 145.000 хектари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за период, заклучно со 2006 година, има склучено само 411 договори за закуп на површина од 98.150 хектари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнаство согласно Одлуката за давање на земјоделско земјиште на плодоуживање на одредени категории социјално необезбедени лица има склучено договори за плодоуживање со 442 лица за површина од околу 3.100 хектари. Во текот на 2010 година Министерството согласно Програмата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредени категории социјално необезбедени лица има склучено 17 договори за плодоуживање за површина од околу 100 ха. Поради недефинираниот статус на носителот на правото на недвижноста на Република Македонија, Министерството не може да располага со земјоделско земјиште со површина од 25.000 хектари, евидентирано на неизложени поседовни/имотни листови. Министерството со преостанатото земјоделско земјиште од 30.000 хектари, активно не располага од различни причини и тоа:
Во написите каде што се констатира дека државното земјоделско земјиште во прилепско 60 % е нераспределено е тотално неточно. 8.750 хектари веќе се распределени на околу 600 договори. Повеќе од половината од земјиштето од некогашниот ,,ЗИК Прилеп,, веќе е распределено, а во село Славеј досега има распределено околу 50 хектари на 10 семејства. Земјиштето од ,, ЗИК Куманово,, поради поведена стечајна постапка неможе да биде предмет на распределба. Со измените на Законот за земјоделско земјиште се овозможува регулирање на статусот на земјоделското земјиште врз кое се изградени стакленици – оранжерии како и регулирање на земјоделското земјиште под долгогодишни насади со физички и правни лица кои се стекнале со правото на сопственост над насадите. Со цел распределување и давање под закуп на земјоделското земјиште кое е со послаб квалитет и кое се наоѓа во ридско планинските подрачја (со пониски катастарски класи од 5 до 8), Министерството ја намали почетната цена на закупот од 5 (пет) евра по хектар. Од напред изнесеното, вака дадените паушални бројки и податоци не соодвествуваат со фактичката состојбата во која се наоѓа земјоделското земјиште во државна сопственост, не соодвествува со активностите кои ги превзема министерството во однос на располагањето и управувањето со земјоделското земјиште согласно законот кој подразбира водење на реална земјишна политика.
|