- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Планското производство на грозје - основа за стабилен вински секторDate of publication: 14 February 2011,,Прославата на Свети Трифун е традиција која треба да се почитува и да се продолжи. Таа носи бериќет, добар род, а во овие услови би посакал добра продажба на виното и на грозјето,,. Ова им го посака министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на лозарите и винарите на денешната прослава на Свети Трипун во валандовско. По традиционалното закројување на виновата лоза плантажите на винарската визба ,,Визба,, од Валандово, на која присуствуваше и претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, министерот Димовски истакна дека Владата ќе ја исполни обрската кон земјоделците, односно ќе ги исплати субвенциите и за лозарството. -Мора да се интензивира соработката со лозарите и да се иницира планско производство на грозје за да немаме проблеми со залихи и да нема застој во пласманот на македонското вино. Мора да работиме на интензивирање на производството, а тоа значи планско редуцирање на прионосот на винските сорти грозје. Со тоа ќе се обезбеди поквалитетен род, грозје со повеќе шеќерни единици, ќе се постигне повисока откупна цена Во Репблика Македонија годишно се произведуваат околу 250 илјади тони грозје од кои помал дел е трпезно, а многу поголем винско. ,,Со трпезното грозје немаме проблеми, но, во винскиот сектор има многу остра конкуренција, пред се од производителите од латиноамериканските земји, од Чиле, Аргентина, Јужноафриканската Република, како и од Австралија и Нов Зеланд. Убедени сме дека со добра стратегија, како што беше неодамнешната презентација на македонските вина во Шведска, македонското вино ќе се наметне со својот квалитет дури и кај најпробирливите потрошувачи,, - додаде тој. Неминовно е според него да се продлабочат традиционалните трговски врски со Германија како еден од најголемите увозници на македонско вино, но и да се бараат алтернативни пазари. Минатата година, оцени министерот, проблемите со кои се соочуваше македонското лозарство беа последица на глобалната винска криза. ,,Задоволен сум зошто минатата година, за 12 месеци во услови на винска криза успеавме да извеземе 76 мииони литри вино, што е далеку повеќе од 2009 година кога извезовме 64 милиони литри. Во постојан контакт сме со здруженијата на лозари и со винарските визби, со цел навреме да се организира производството и да се преземат сите мерки за непречен откуп на грозјето и за пласман на виното Државниот инспекторат за земјоделство, како и во тутунопроизводството и во лозаро-винарскиот сектор ќе ја зајакне контролата на терен и тоа од почетокот на производствената сезона, најави министерот. Во рамки на прославата на Свети Трифун, министерот Димовски учествуваше на манифестацијата ,,Недела на виното,, во Неготино и ја посети винарската визба ,,Стоби,, од Градско. |