- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Ќе се зголеми бројот на откупните ваги во Прилепско-Долненскиот регионDate of publication: 10 February 2011Откупните компании од утре ќе ги зголемат бројот на вагите на откупните пунктови во Прилепско, особено во Долненскиот регион, со цел да се интензивира прифаќањето на тутунот од реколтата 2010. На откупните пунктови во Прилепско-Долненскиот регион ќе бидат донесени и проценителите од откупните компании и тоа од регионите каде откупот завршил или е во завршна фаза. Ова се дел од активностите на компаниите за откуп на тутун кои се преземаат во координација со Министерството за земјоделатво, шумарство и водостопанство со цел да се интензивира откупот и истиот да заврши во законски предвидениот рок-15 март.
На откупните пунктови во Прилепскиот и Долненскиот регион од утре ќе се пренесат техничките средства (ваги, влагометри и сл) од оние откупни пунктови во источниот дел од земјава каде откупот заврши, или каде е намалена динамиката на предавање на тутунот.
Најголемиот дел од вагите во Прилепско-Долненскиот регион ќе бидат донесени од Струмичко каде откупот е во завршна фаза. Врз основа на склучените договори таму преостанува да се откупат уште двасеттина проценти од ланскиот род. Деновиве се очекува да заврши и откупот на тутун во Велешкиот регион.
Според информациите од Државниот инспекторат за земјоделство, од реколтата тутун од 2010 година, досега се откупени околу 16 милиони килограми тутун. Според очекувањата, откупот ќе заврши во законски превидениот рок-15 март.
Претставниците од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, од Државниот земјоделски инспекторат и од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството активно се вклучени во следење на откупната кампања и во надминување на проблемите кои што се појавија во почетокот на откупот на тутунот. Инспекторите се постојано на терен и стојат на располагање на сите тутунари кои имаат забелешки во поглед на проценката на тутунот. |