Прв состанок на Управниот комитет на Проектот „Развој и имплементација на агро-еколошки мерки,,

Date of publication: 
31 January 2011

Агроеколошките мерки се задолжителни елементи на плановите на рурален развој согласно европските регулативи.Примената на агроеколошките мерки во земјоделското производство,за разлика од другите мерки се по сложени,но и многу значајни за што Европската Унија за периодот од 2007 до 2013 година ќе потроши 12 милијарди евра, истакна Екехарт Шродер директорот на Проектот за Развој и имплементација на агро-еколошки мерки,,на денешниот прв состанок на Управниот комитет на проектот.Затоа според Шродер многу е важна подготовката за спроведување на овие мерки.

 

Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија е посветена на прилагодувањето кон aquis communitaire особено во земјоделскиот сектор бидејќи тој е значајна гранка од македонското стопанство посочи министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.Сега се наоѓаме пред новиот предизвик: како да ја заштитиме животната средина  и да ја зачуваме природата во процесот на земјоделското производство. Токму во таа насока се агро-еколошките мерки. Тие вклучуваат иницијативи за одржување или менување на секојдневните практики на управување со цел да се обезбеди соодветен еколошки бенефит.

 

До сега, Република Македонија подготви околу 25 закони кои се директно поврзани со агро-екологијата. Од нив, најголем дел се во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Во ИПАРД програмата 2007 – 2013,  вклучени се и мерките , кои се однесуваат на агро-екологијата. За нив е предвидена вкупна поддршка од 1 милион и 125 илјади евра за земјоделскиот сектор, од кои 80 проценти доаѓаат од европските фондови. Дополнително, Република Македонија подготи нацрт Национална Агро-еколошка програма  за периодот 2010-2013 година. Во неа се утврдени главните проблеми и области за севкупна поддршка во земјоделскиот сектор во насока на заштита на животната средина.