- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Заменик министерот Иваноски ги презентира пилот активностите за комасација на земјоделското земјиштеDate of publication: 31 January 2011Во Македонија како и во поголемиот дел од централна и источна Европа, проблемите кои произлегуваат од расцепканоста на земјоделското земјиште и од малите земјоделски фарми го отежнуваат и руралниот развој. Станува збор за сериозен структурален проблем, кој е сериозна пречка за профитабилно земјоделско производство и за инвестирање во аграрот.
Поради ваквата состојба, по активностите за распределба на секое парче државно земјоделско земјиште, од 2007 година наваму, сега активностите се насочени кон консолидација, односно окрупнување на земјоделските површини. Преку проектот СТИМЕРАЛД почнуваат пилот ативностите за реализирање на новата земјоделска политика за косолидација на земјоделското земјиште, во прв ред на приватните земјоделски површини.
Окрупнување на земјоделските површини преку процес на комасација е еден од можностите за решавање на проблемите со сегашната фрагментиранос на земјоделските поседи. Неопходно е и државата да се вклучи во процесот на окрупнување на земјодеското земјиште и да ги стимулира ваквите активности, но, како што смета Иваноски, тоа не треба да го направи со сила туку процесот на комасација потребно е да се реализира доброволно од страна на заинтересираните земјоделски производители.
Во насока на поддршка на процесот на окрупнување на земјоделските површини се и измените на Законот за земјоделско земјиште кој е во владина процедура и наскоро ке се најде во Парламенотот. Во нив, објаснува тој, предвидена е мерка за ограницување на понтамошното раситнување на земјоделските површини кои се помали од 2 хектари.
Пилот проектот за комасација наскоро ќе почне да се реализира во битолскиот регион. ,,Пелагонија е најголема житница во Република Македонија. Поволните карактеристики во однос на земјишната структура која е со еднакви својства и бонитетни класи, придонесува во идните проекти за комасација, да има релативно мал број на проблеми поврзани со геодетски и правни работи. Анализите на проектот за комасација Емерлад, покажаа дека во овој регион, најголема е заинтересираноста на земјоделците за решавање проблемот со раситнените земјоделски парцели преку консолидација, односно комасација,,
Проектот Стимералд почна да се реализира во јуни минатата година, а има за цел добивање на ефикасна помош во реструктуирање на земјоделските стопанства преку воспоставување на реформирана рурална и земјоделска политика и ќе претставува основа за изградба на стратегија за земјишен и рурален развој. |