- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на 3-тиот Берлински Самит на министри за земјоделствоDate of publication: 21 January 2011На “3-тиот Берлински Самит на министри за земјоделство“, министрите за земјоделство од 53 земји се собраа за да разменат искуства и идеи како трговијата на локално, регионално и глобално ниво би можела да придонесе за поголема безбедност на храна. На овој Самит на кој учествува и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се усвои завршно коминике во кое се наведува дека министрите за земјоделство кои се состанаа во Берлин ја поздравија можноста за отворена размена на мислења за улогата на трговијата во безбедноста за храна. Забележаа дека развојот на земјоделскиот сектор во руралните подрачја игра клучна улога во достигнувањето на потребите за храна во услови на глобален растеж на населението и дека тој е нераскинливо поврзан со борбата против сиромаштијата. Истакнато беше дека за поголема безбедност на храната неминовно е постоење на интегриран и одржлив пристап во развојот на земјоделството и руралните подрачја.Нагласена беше клучната важност од развој на локалните и регионалните пазари за зајакнување на создавањето вредности во земјоделскиот сектор и овозможувањето динамичен развој на руралните подрачја. Министрите потврдија дека поврзувањето на земјоделските производители со пазарите и прекуграничното интегрирање на регионалните пазари може да придонесе конподобрување на безбедноста за храната и учество на земјоделството во глобалниот економски развој.Ја нагласија важноста од функционирањето на конкуренцијата за учество на производителите во создавањето вредности на локални, регионални и глобални нивоа.Согледана беше и неопходноста од поддршка на земјите во развој во елиминирањето на техничките и институционалните бариери во трговијата. На самитот говореше и претседавачот на Г 20 од областа на земјоделството и министер за земјоделство на Франција Бруно Де Маире. На овој самит, министерот Димовски оствари билатерални средби со своите колеги и претставниците од од Естонија, Австрија, Португалија, Уругвај, како и од соседна Србија и Словенија , со кои беа разменети мислења и искуства. |