- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски во посета на новата Агенција за храна и ветеринарствоDate of publication: 4 January 2011Од 1 јануари 2011 година почна со работа Агенцијата за храна и ветеринарство која ги обединува ингеренциите во оваа област што досега ги делеа Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство.
- Ова тело комплетно ќе ја врши контролата на целокупната храна во Македонија со исклучок на примарното земјоделско производство, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, кој денеска имаше средба со директорот на Агенцијата Дејан Рунтевски. Вакви тела има во повеќе европски земји кои по површина или по популација се како Република Македонија. - Одлуката е донесена по препорака на Европската унија и почитувајќи ги насоките ние безрезервно го поддржавме осамостојувањето на оваа Агенција бидејќи сметаме дека на сите, граѓаните и компаниите, тоа ќе им биде од корист, изјави Димовски.
Директорот на Агенцијата Рунтевски изјави дека се работи за голема и значајна реформа во делот на контролата на храната. - Очекуваме дека со оваа институција и со интегрираниот целосен пристап на контрола на храната од нива до трпеза, ќе се подигне нивото на заштита на потрошувачите, како и на заштита на животните, рече Рунтевски.
Агенцијата има околу 280 вработени - администрација и инспекција на терен. - За почеток ќе функционира со таа бројка, но понатаму се предвидени дополнителни вработувања и зајакнувања на кадарот во делот на инспекцискиот надзор за се обезбеди целосна покриеност во сите фази во производството, прометот и дистрибуција на храната, изјави Рунтевски. |