- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
НА ЈАВНА РАСПРАВА РАЗГЛЕДАНИ ПРЕДЛОГ ПРОГРАМИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈDate of publication: 30 December 2010Предлозите на програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2011 година денеска беа разгледани на јавна расправа на која учествуваа сите релевантни чинители од агро прехранбениот сектор Стопанските комори, земјоделските здруженија и науката.
За 2011 година според проeкциите се предвидуваат дополнителни 15 милиони евра поддршка за земјоделството, односно вкупно 115 милиони евра.
Во насока на остварување на стабилна земјодела политика за развој дефинираните подсектори и типовите на мерки за поддршка го зачувуваат континуитетот во последните 4 години, по донесување на Стратегијата за развој за земјоделството. Одредени помали дополнувања се однесуваат на зголемен износ на поддршка за подсекторите каде има зголемување на капацитетите за аплицирање (тутун, пчеларство), по единица мерка на одредени земјоделски подсектори односно онаму каде приходите на земјоделците се под негативно влијание на ценовните трендови (сточарство), подобрување на промоцијата и конкуретноста на стратешките македонски производи пред се на македонското вино. Поголема поддршка е предвидена и за интензивирање на мерките наменети за покривање на структурните проблеми:хоризонтална интеграција од пазарен тип-задруги, раситнетост на земјоделското земјиште и на мерките за надминување на недостаток на рурална инфраструктура( во делот на маркетингот, патната и иригационата мрежа).
Генерално растителното производство се предлага да учествува со 64%, сточарството со 32%, а по подсектори распоредот на средствата е следен: тутун 24%,поледелство (жита и индустриски култури) 18%, постојани насади ( лозови и овошни) 17%, говедарство 17%, овчарство и козарство 12 %, градинарство 5% или вкупно 93%. Конкуретните извозни култури според проекциите опфаќаат 60% од субвенциите. На јавната расправа позитивно беше оценето зголемувањето на субвенциите за следната година. Беа искажани мали забелешки кои ќе бидат разгледани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред програмите да бидат доставени до Владата. |