Соопштение

Date of publication: 
30 November 2010
Javna rasprava Zopod 013.jpg

Решавање на проблемот со оранжериите и нивно препознавање од страна на Државниот катастер, издавањето на дозволите за градба на земјоделски капацитети,олеснување на постапктите за распределба на државно земјоделско земјиште и понатамошно раситнување на земјоделското земјиште,се главно целите на Предлог законот за изменување и дополнување на Закон за земјоделско земјиште истакна заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски на Јавната расправа по текстот на Предлог Законот.

 

На јавната расправа покрај претставниците на државните институции кои имаат надлежности во делот на предложените измени и дополнувања на законот беа поканети и претставници од Заедницата на едниците на локалната самоуправа, Стопанската комора на Република Македонија, Сојузот на стопански комори на Република Македонија, Федерацијата на фармери на Македонија, Сојузот на земјоделци на Македонија и Асоцијацијата на земјоделци на Македонија.

 

Во однос на оранжериите предлогот на министерството е законот да го дефинира земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата како земјоделско,а не како градежно што претставува пречка за внесување на овие капацитети во катастерот.Исто така со предложените измени ќе се овозможи добивање на  дозволи за градба на земјоделски капацитети на земјоделско земјиште што ќе ги издава локалната самоуправа.

 

Во расправата свои видувања, забелешки и коментари дадоа претставниците на Заедницата на едниците на локалната самоуправа и здруженијата на земјоделците во смисла на допрецизирање на поедини законски решенија.

 

За дел од дадените предлози на јавната расправа констатирано е дека истите се конструктивни и постигната е начелна согласност за нивна усогласеност.

 

Во однос на другите забелешки и барања искажани на јавната расправа Министерството дополнително ќе ги разгледа и доколку се констатира дека предлозите имаат законска основа ќе ги имплементира во текстот на Предлог законот.